Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев очекува Села да го прифати вицепремиерското место

0
By Нова ТВ on December 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев очекува Алијансата за Албанците на Зијадин Села да остане во Владата и да го прифати вицепремиерското место за реформи.

-Очекувам дека господинот Села, кој е лидер на млада партија која најверојатно сака да се докажува, ќе го прифати понуденото потпретседателско место во владата за реформи. Очекувам таков чекор од партијата која води 20 сериозни сектори во државните органи. Не е возможно да сменам кој било од министрите кои се зафатија со својата работа од 1 ноември, веднаш по локалните избори, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање за коалицијата со Зијадин Села.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вчера попладне по состанокот на Централното собрание што се одржа во Гостивар изјави дека не ја напуштаат владината коалиција и оти верува дека со премиерот Зоран Заев повторно ќе се сретнат околу условите за нивното останување во коалицијата.

-Ние одлучивме дека ќе бидеме дел од Владата за реализација на програмата која им ја ветивме на гласачите. Ветивме дека ќе ги отвориме и деблокираме процесите, ветивме дека лидерот на Собранието ќе биде Албанец, дека Законот за албански јазик ќе биде одобрен и дека ќе се отворат судските предмети. Процесите започнаа и се очекува да се реализираат во иднина, рече Села.

Села кажа дека се надева повторно да се сретне со премиерот Заев за да разговараат пак за условите за нивно останување во коалицијата.

Во четвртокот, Заев и Села имаа средба во владата, по која што Села изјави дека нема да го прифати понуденото вицепремиерско место и му предложи на премиерот да воведе нова функција – заменик премиер за носење бурек и таа да им ја даде на ДУИ.

Заев коалиција Села
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.