Лидерот на опзицијата Зоран Заев очекува во среда на 31 август партиите да го дадат својот глас за избори. Според Заев фактот што еден од двата клучни услови, ад хок телото за мониторирање на медиумите се уште не е исполнет не може да биде доволна пречка за лидерската четворка да не се договори за изборите на 11 декември.
“Повеќе сум оптимист во трагањето по мудроста како да се изнајде доволно аргументација да се избере петиот член. Ад хок телото како што знаеме сите, ги знаеме деталите и очекувањата од него, тоа не е крај на светот и не треба да дозволиме навистина поради една ваква мала причина да се одложат ставовите за заклучоците за исполнување на условите согласно кој ќе биде фиксиран датумот за избори. Јас верувам дека на 31 август ќе објавиме ние претседателите на поголемите партии дека 11-ти декември ќе биде датумот на изборите“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.