НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Ѓорче Петров: 12 години оваа општина беше запустена, 4 години подоцна доживува позитивна трансформација

0
By Mirjana on October 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
На денешната граѓанска трибина ‘‘Најдоброто за мојата општина‘‘, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија Зоран Заев, истакна дека како во претходните четири години, така и во наредните четири Владата предводена од СДСМ и коалицијата ќе продолжи да инвестира во проекти што живот значат за општините и граѓаните.
– И Ѓорче Петров во овие четири години доживува позитивна трансформација, благодарение на Александар Наумоски и СДСМ.  Сетете се како беше пред четири години а како е денеска во Ѓорче Петров. Пред четири години Волково немаше детска градинка, спортска сала и кружен тек, а денес има, Ѓорче Петров немаше базен, денес има. Ѓорче Петров денес има и најмодерно осветлување, реконструирани улици, реконструирани булевари со поддршка на Град Скопје. И сето тоа го работевме заедно како локална, градска и централна власт. Помагавме и јас и Петре Шилегов овде да се реализираат што повеќе проекти, затоа што и самите знаете дека 12 години оваа општина беше запустена и запоставена.  Денес, четири години подоцна, резултатите се очигледни. Денес во Ѓорче Петров е многу подобро, но ќе биде Најдобро во следните четири години‘‘- рече Заев.
Заев пред  ѓорчепетровци вети дека Владата предводена од СДСМ ќе застане зад изградбата на првото училиште во општината во историјата на независноста, зад изградбата на двете градинки во Ново Село и Дексион, како и зад Клиничкиот центар и се обврза дека ќе се остранат блокадите во Собраните од страна на ВМРО- ДПМНЕ, и дека Скопје ќе добие најмодерен клинички центар, прв по неколку децении.
На крајот на трибината Заев побара од кандидатот за градоначалник  Александар Наумоски да продолжи да ги служа граѓаните и да работи заедно со нив, а на граѓаните им порача да го изберат најдоброто и концептот кој води напред и на 17 октомври, Ѓорче Петров повторно да биде на вистинската страна како многу пати досега.
Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров и актуелен градоначалник, Александар Наумоски,  на денешната граѓанска трибина ‘‘Најдоброто за мојата општина‘‘  истакна дека во изминатите 4 години реализирани се над 200 проекти,  со кои општина Ѓорче Петров се препороди, а следуваат нови 200 во следните 4 години.
– Потврда за тоа е ова наше Корзо, нов, модерен јавен простор наменет за сите-генерации. Потврда за тоа е најмодерната градинка во Волково,  доказ е ова модерно, смарт лед осветлување, доказ за тоа е спортската сала и новиот кружен тек во Волково и првиот затворен базен кој се гради во Ѓорче Петров. Тоа е потврдено и со поставени над 40 километри фекална канализација, со 40 километри асфалитарни и пет километри поплочени улици, над пет километри водоводи и над 7.700 квадратни метри нови паркинзи‘‘- рече Наумоски.
Тој напомена дека реализираните проекти се благодарение и на поддршката од централната власт и се заблагодари во свое име и во име на сите жители на Ѓорче Петров , затоа што се она што е направено е останува да им служи на нашите граѓани и идните поколенија, и повика да продолжат граѓаните да гледаат напред, затоа што напред е правецот кој го покажува Најдоброто.
На трибината се обрати и Скопскиот градоначалник Шилегов.
Ние малку зборуваме, многу добро планираме, уште подобро реализираме, во општина Ѓорче Петров за 4 години успеавме да направиме толку, колку што Градот нема направено во  изминатите 40, истакна кандидатот на СДСМ и Коалицијата  за градоначалник на Скопје Петре Шилегов, во обраќањето во Ѓорче Петров.
Тој нагласи дека Данела Арсовска во својата програма нуди проекти кои се веќе реализирани, толку многу ги потценуваат граѓаните, што ветуваат се и сешто.
Ќе градела булевар Борис Трајковски, тој е направен, ќе градела Булевар Словенија и тој е направен, ќе градела тунели под Лимак и тие се направени, нагласи Шилегов.
Тој нагласи дека Булевар Словенија ќе продолжува до Ново село, со мостови преку Лепенец, за  да може граѓаните  од тој дел да имаат комуникација со градот и вентили за излез, а не да вртат 30 километри за да дојдат до центарот на градот.
Изборниот караван на владејачкиот СДСМ ,, Најдоброто за мојата општина“ вечерва беше во општина Карпош. Таму се претстави и кандидатот з аградоначланик Душко Весковски.
.Весковски во своето обраќање ги презентираше идните проекти и планови за развојот на општина Карпош.
“Најдоброто за Карпош доаѓа и со ТОП 5те НАЈВАЖНИ ПРОЕКТИ, меѓу кои: Изградба на катна гаража околу комплексот ТЦ „Лептокарија“, со зелен парк над гаражата, изградба на најмалку две нови детски градинки и реконструкција/обновување на постојните капацитети, изградба на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4, основање Младински центар во Општина Карпош во рамки на библиотеката „Другарче“, дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци”, рече Весковски пред карпошани.
ѓ.Петров карпош СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.