Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Карпош: Одличниот Весковски не смееме да го споредуваме со измеќарот Јакимовски

0
By НОВА ТВ on October 28, 2021 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 28, 2021 19:38

Знаете дека четири години протестиравте за да го зачуваме Карпош заради урбанистичкиот хаос на Стевче Јакимовски. Не му значат ништо граѓаните, тој е колекционер и ги има сите партиски книшки и стана измеќар на Груевски, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина во Карпош. Тој додаде дека треба да се оди напред и да не се погази достоинството.

– Ова црнило, закани и омрази и инцидентот во Влае од вчера сме ги имале секогаш под превезот на ВМРО, па дури и братоубиствени војни. Но, денеска имаме територијален интегритет и суверенитет и одиме напред затоа што ние припаѓаме на прогресивниот свет, кажа Заев.

Зелените зони исчезнуваа од пред нас и никнуваа згради, се сеќаваме како не можевме да ги запишеме децата во градинка, затоа што Стевчо така одлучил, но затоа го имаме Душко кој има љубов и грижа за цел Карпош, а има и верба во подобар Карпош во подобра општина. Ова место плочникот пред Млечен секогаш ни носи среќа, така ќе биде и овојпат, СДСМ победува и во градот Скопје и во Карпош, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда, на трибината „Најдоброто за нашата општина“, Бојан Маричиќ.

– Карпош се сеќава со Стевчо, каков гром удрил во 2013 година, од кој уште не може општината  да се опорави, а токму кандидатот за градоначалник на општината, Душко Весковски дава надеж дека нема да се вратиме во темното минато. Дали ќе му дадеме четврт мандат на Стевчо или Душко ќе добие прв за да направи се што може да направи за Капош.Покажавме во овие неколку дена дека навистина ја научивме лекцијата, знаеме да им служиме на граѓаните, остануваме на иста страна, затоа ја бараме вашата поддршка, на 31 октомври да гласаме за Петре и за Душко, порача Маричиќ.

Вашиот број овде вечерва гарантира дека вие сте тие кој што ја носите победата, победата за нашиот Карпош, победата за нашето Скопје, после првиот изборен круг стоиме овде исправено да би кажеме дека го сфативме гневот, ја сфативме пораката, спремни сме да ги извршиме сите промени кои се неопходни во нашата држава, во нашиот град, во нашата општина, порача кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов пред граѓаните на Карпош.

– За да можеме да дојдеме до тоа треба да го зачуваме Карпош, треба да го сочуваме Скопје бидејќи после и првиот изборен круг веќе се е јасно, имаме едноставен избор, дали сакаме градот да го движиме напред да постане модерна европска престолнина или да го вратиме назад во лагите, во стиропорот, во митовите и бронзата лажна која што ни ја сервираа, повика Шилегов, додавајќи дека џабе се кријат позади т.н независни кандидати. Не поминаа неколку дена од првиот изборен круг и ги видовме какви се они всушност, какви се они во својата душа, и велат Скопје бил вмровски град, не, Скопје не е вмровски град, Скопје не е сдсмовски град, Скопје не е на ниту една политичка партија, Скопје е на вас граѓаните, рече Шилегов.

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Весковски пак порача дека Карпош не е парче бетон, Карпош не е место каде царува криминалот и затоа е потребно обединување на граѓаните во недела за да продолжи развојот и напредокот на општина Карпош.

– Карпошани, да се обединиме, за да не бидеме кабаетлии во понеделник. Да се обединиме и да не дозволиме минатото да го земе местото на иднината. Да не дозволиме, Стевче Јакимовски, човекот кој е на крај на својата кариера и нема што да изгуби со своите лажни ветувања да ни ја украде иднината. Да се направи вистинскиот избор за нашиот Карпош, за Карпош да биде наша гордост и позитивен пример не само тука, туку и пошироко. Проектите во мојата програма не само што се реално остварливи, туку истите со тим, со знаење и посветена работа ќе бидат и реализирани. И не само тие, туку и уште многу други кои заеднички ќе ги креираме со единствена цел, пресретнување на вашите потреби, потребите на Карпош, рече Весковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.