Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Кавадарци: Инвестираме во секоја општина без разлика кој е градоначалник

0
By НОВА ТВ on October 4, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ денеска во Демир Капија, Неготино и Кавадарци на средба со граѓани. Централниот карван „Најдоброто за мојата општина“ се одржа меѓу граѓаните на Демир Капија и Неготино, а централниот настан на градскиот плоштад во Кавадарци.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Кавадарци порача дека сериозно се инвестира во патната и комуналната инфраструктура за унапредување на квалитетот на секое населено место. Тој нагласи дека во овој регион е реконструиран регионалниот пат Кавадарци – Росоман и транзитот низ Кавадарци, гасоводот Неготино – Кавадарци – Битола е над 92 отсто завршен, поставени се водоводи и канализации, реконструирани се бројни улици преку пари од централниот Буџет. Владата, а не Јанчев го направи мостот во Ваташа, рече Заев. Тој го претстави кандидатот за градоначалник на Кавадарци од СДСМ и Коалицијата, Горан Тодоров.

– Кавадарци е сведок дека државата рамномерно инвестираше во својот народ без разлика кој ја води општината, државата е тука да им помага на општините, да им помага на граѓаните, тоа го правиме постојано и ќе продолжиме да го правиме и во следниот период. Со Тодоров и советниците заедно ќе донесеме гасификација на Кавадарци и регионален откупен центар, а на младите ќе им помогнеме да отворат свој бизнис, преку старт ап центрите. Така се сака Кавадарци, така се работи за Кавадарци, заклучи Заев.

Тодоров пред сограѓаните кажа дека со кандидатурата за градоначалник 100% се насочува кон својот роден град. Тој најави дека следните четири години, како градоначалник, заедно со советниците од СДСМ и коалицијата ќе реализира уште многу проекти за Кавадарци, од кои ги издвои изградба на регионален откупен центар за грозје, изградба на пречистителна станица во Кавадарци, гасификација на Општина Кавадарци, проект „Зелено Кавадарци“, а најави и мерки за намалување на аерозагадувањето во градот.

– На 17 октомври избираме дали сакаме Кавадарци да стане ново Кратово од ’90 години или со заеднички сили да го спречиме ова самоволие, со глас за бројот 12, порача Тодоров.

Вториот карван на СДСМ и коалицијата беше Валандово, каде пред граѓаните на граѓанска трибина беше претставена програмата на кандидатот на градоначалник Перо Костадинов, како и кандидатите за советници. На трибината присуствуваше и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ кој на валандовчани им порача дека Костадинов е докажано најдоброто за општината.

– Пред 4 години караванот на СДСМ исто вака го посети Валандово. Тогаш ви го претставивме нашиот кандидат другарот Перо и ви рековме: Пријатели, овој млад човек и неговата енергија и токму тоа што му треба на вашиот град. Сега, 4 години подоцна можеме слободно повторно да ве погледнеме во очи и да ви кажеме – Валандово повеќе не е ист град. Валандово е поразвиен, почист, со подобрена инфраструктура. Дали се сеќавате како изгледаше градот пред 4 години, а како сега? Разликата е голема. Верувам следните 4 години тој ќе доживее целосна урбана промена. Тоа е тоа што му треба на Валандово, тоа е тоа што се бара од секој модерен градоначалник, кажа Маричиќ пред присутните граѓани, повикувајќи ги граѓаните да гласаат за Костадинов и за советничката листа на СДСМ под реден број 12.

СДСМ и Коалицијата имаше средби со граѓаните и во Скопје.

Заменик – претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, заедно со кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Карпош, Душко Весковски остварија средби со граѓани на Карпош. Лукаревска рече дека со поддршка од централната власт и во соработка со општините ќе бидат поттикнати малите бизниси за да се развиваат.

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и кандидатот за градоначалник на Центар остварија средби со граѓаните на Водно. И двајцата порачаа дека во еден мандат Центар доби 53.700 м2 нови и реконструирани паркови и нови 5.200 садници.

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, беше во Сопиште заедно со кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Сопиште, Сашко Стојановски. Спасовски најави дека со поддршка на Владата, Сопиште ќе се развива на оној начин како што сакаат граѓаните, а ќе се гради тоа што им е потребно на граѓаните. Спасовски кажа дека Владата предводена од СДСМ во изминатите четири години инвестираше 840.000 евра во 11 километри патна инфраструктура во општина Сопиште. Во Сопиште завршена е рехабилитација на регионалниот пат Сопиште – Долно Соње со должина од 3,7 километри за што се вложени 220.000 евра лани. Рехабилитиран е регионалниот пат Сопиште – Говрлево долг 7,20 км, за што лани се издвоени 620.000 евра.

– Она што го правиме како централна власт во овие четири години во сите области, придонесе денес нашите граѓани да имаат повисок животен стандард, да се отвораат нови работни места, а општините и регионите рамномерно да се развиваат За домаќинското располагање со средствата на општината гласајте за “Најдоброто” за Сопиште, за кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата Сашо Стојановски, за советничката листа предводена од Драган Змејковски, рече Спасовски.

избори кампања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.