НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Конвенцијата во Скопје: Компромисот не е предавство, туку храбар чин од кој претходно бегале сите-претставени и кандидатите за градоначалници на Кисела Вода и Петровец

0
By НОВА ТВ on September 28, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ и Коалицијата вечерва ја претставиja изборната кампања „Најдоброто за мојата општина“ во Кисела Вода и Петровец, а предизборната Kонвенција за кандидатот за градоначалник и на листата за советници за Град Скопје ја одржаа во паркот „Ибни Пајко“.

– Јасно е зошто ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат.Мицкоски најде некој да му глуми независен и да му го однесе поразот, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев на промоцијата на кандидатите за градоначалник на Скопје и за листата на советници. Тој додаде дека можеби одлуката не е на Мицкоски , туку на менторот од Будимпешта, но дека и тој знаел дека Шилегов е убедлив победник.

Заев изјави дека, освен црнила и блокади ВМРО-ДПМНЕ не знае за ништо друго и дека ќе проба државните теми да ги наметне на локалните избори.

-Ќе фрлаат дрвја и камења за членството во НАТО,, Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија но ќе им повторам дека компромисот не е предавство туку грижа за своите граѓани  и храбар чин од кој бегале сите досегашни челници само за да си ја зачуваат фотељата, е па не сме сите исти, истакна Заев.

Тој  рече дека во изминатите четири години постигнато е многу, а само во Скопје и скопските општини реализирани се повеќе од 2.000 проекти.

– Реализиравме над 7 илјади проекти во сите општини, проекти коишто секојдневно го менуваат животот на граѓаните на подобро, над 2.000 од нив се тука во Градот Скопје и скопските општини и затоа ќе победиме на овие избори, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов на предизборната конвенција најави целосно решавање на сообраќајниот хаос во градот, со подземниот булевар Македонија, кој ќе завршува со модерен кружен тек кај Нова Македонија, како и завршувањето на булеварот Словенија кој ќе води до Волково и Ново Село, а ќе биде поврзан и со мостот на Љубљанска.

– Во Центарот на градот ја градиме и најголемата пешачка зона во Европа која ќе се протега од Собрание до Палома Бјанка и од Стара Железничка до Бит пазар, најави Шилегов, додавајќи дека во следните 4 години Скопје конечно ќе добие Нов забавен парк, најдобар во Европа, рече Шилегов.

Тој и се обрати и на кандидатката за Скопје,поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска која ги убедува граѓаните дека била добар менаџер и дека била независна.

– Драга Данела за жал, не само што не си независна, туку зависиш од оние кои го уништија градот до непрепознавање. Твоите спотови се платени и потпишани од истите луѓе, кои потрошија 680 милиони евра на лажен барок. Ти зависиш од најкорумпираната партија во Европа, рече Шилегов.

Носителката на кандидатската листа на советници за Град Скопје Софија Пејкова на вечерашната Конвенција, најави дека чесно и несебично ќе се залага Скопје да стане поубаво и поздраво место за живеење.

– Како лекари положуваме Хипократова заклетва, а јас овде пред сите вас положувам заклетва дека како дел од советот на Град Скопје совесно чесно и посветено ќе се грижам да го добиете најдоброто, градските политики да го заштитуваат и унапредуваат здравјето на сите скопјани, ви ветувам дека со чесна и тимска работа заедно со Петре Шилегов и со моите колеги советници, посветено ќе работиме на поголема еколошка здравствена и социјална политика и поквалитетен живот за сите нас, истакна Пејкова.

Претходно Коалицијата предводена од СДСМ ја претстави својата кампања во Кисела Вода и во Петровец.

Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, рече дека основните потреби на граѓаните се реализирани, а следуваат проекти за подигнување на квалитетот на животот.

– Сите показатели, сета поддршка што ја добивам, укажуваат дека во Кисела Вода се врати надежта за убави населби и мазни улици. Ја нудиме најдобрата Програма за Кисела Вода досега и за прв пат во оваа Програма не доминираат основни инфраструктурни проекти. За прв пат ова е Програма што предвидува развој, модерен живот и безбедно и здраво живеење. За прв пат не зборуваме за основните потреби, туку за квалитетот на живот, рече Темелковски.

Носителката на листа  со кандидати на советници во Општина Киесела Вода, Емилија Трајковска порача дека на местата на некогашни депонии, сега се подигнати 22 илјади метри квадратни нови паркови.

– Изминатите 4 години, Советот на општина Кисела Вода функционираше како вистински сервис за граѓаните. Преку програмите коишто ги усвоивме успеавме да одговориме на голем дел од потребите на граѓаните, да реализираме голем број проекти, да решиме голем број проблеми на граѓаните, рече Трајковска.

Заменик – претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска од Петровец порача дека на оваа општина и е потребно ново лице, нов имиџ, нови проекти, нов поттик за локален развој. Пред граѓаните таа ја претстави кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Петровец, Елизабета Зелениковска, како и советничката листа предводена од Ацо Јосифовски.

– Покрај централните политики, покрај успесите на меѓународен план, четири години интензивно вложувавме во општините, за да постигнеме што е можно порамномерен развој. Владата предводена од СДСМ во изминатите 4 години инвестираше 16 милиони евра во 45 километри патна инфраструктура во општина Петровец. Обезбедивме 600 илјади евра за развој на локалната патна мрежа за периодот од 2021 до 2024 година.Со поддршка на централната власт е направена обнова и реконструкција на греењето во основното училиште, се реализирани проекти за подобрување на комуналната инфраструктура, ги поддржуваме младите и жените земјоделки, рече Лукаревска.

избори кампања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.