Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Радовиш: Многу е важно да се обединиме сите, се бориме за вистински вредности, да продолжи економскиот раст

0
By НОВА ТВ on October 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Радовиш оствари средба со граѓаните и со пензионерите, кои ги повика на 31 октомври обединети заедно да ја донесат победата, за најдоброто.
– Радовиш е социјалдемократски град, неколку изборни циклуси наназад е единствен, сега повторно е единствен, а во единството е и победата и силата и успехот и среќата, порача Заев и нагласи дека на 31 октомври Радовиш ќе победи.
Во изминатите 4 години и на централно и на локално ниво сме воделе грижа за сите аспекти за граѓаните, отворивме илјадници работни места, невработеноста е падната на 15,9%, платите растат во просек и минималната и просечните во просек за над 6.300 денари, над 100 евра, комплетно економијата е раздвижена, сите крупни прашања во државата се решени, рече Заев, додавајќи дека предизвикот во наредните 4 години е  економија, економски стандард, работни места, опции за младите да ги бираат работните места.
– Проблемот со Грција, со Бугарија, законот за јазиците, сите одлуки за реформите што ги донесовме, сите беа за една цел, подобар економски стандард на граѓаните и за ништо друго. Тоа го викаме европеизација дома, да ја донесеме Европа дома и ние сме на вистинскиот пат, и затоа ќе победи прогресот, затоа што се друго е враќање во минатото, се друго е конзервативност, национализам, поделби, тоа не ни треба на нас, тоа не треба никому, истакна Заев.
Многу е важно да се обединиме сите, да пружиме рака на сите, ние не сме си противници, ВМРО-ДПМНЕ е нашиот противник, а вие сите знаете што може да донесе, молк, страв, режим закани, уцени, секаков вид на терор и овие денови веќе го покажаа, тоа повеќе нема да го дозволиме, истакна Заев, додавајќи дека е тука е поддршката од коалицијата од ТДП, ТХП либералите.
– Сите сме заедно, коалицијата е стабилна, јас верувам дека ќе можеме и овие денови пред изборите да објавиме кое е новото мнозинство, работиме на тоа, порача Заев.
Тој нагласи дека народот секој пат знаел да ја одигра историската улога и овој пат ќе ја одигра.
– Се бориме за вистински вредности и сите заедно да застанеме и да се бориме, вие сте гаранција на иднината и на Радовиш и на Северна Македонија, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во Радовиш.
Заев Радовиш СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.