Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Струмица: На 17 октомври овде ќе се случи „,по СДСМ – СДСМ“ и „по Коста – Костадин!“

0
By НОВА ТВ on September 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Струмица стана европски град уште пред многу години покажувајќи им на сите како се работи најдобро. Струмица беше и моторот во битката со режимот и моторот во напредокот кон Еврoпа. Треба дa се признае на овој град за храброста и одважноста во придонесот за слободата, кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашaта општина“ во Струмица.

Тој додаде дека во кандидатот за градоначалник на оваа општина, Костадин Костадинов се препознава себеси и кажа дека верува во него бидејќи има јасен план и визија.

– Немам дилема, Костадин Костадинов ќе биде новиот градоначалник на Струмица, а на чело со Марјан Даскаловски ќе го предводиме и новиот Совет во Општина Струмица. Повеќе од сигурно е – на 17 октомври ќе се случи ,,по СДСМ – СДСМ – по Коста – Костадин”, порача Заев.

Лидерот на СДСМ кажа дека општина Струмица постојано вложува во инфраструктурата и додаде дека цела Македонија знае и препознава дека Струмица е европски град.

Заев најави дека ќе се работи на осовременување на сообраќајот во селата, како и во нивниот изглед, како уредување на зелените површини, домови на култура, селските плоштади, спортските и детските игралишта. Заев најави и енергетски ефикасно осветлување, но и поддршка на проектите за иновативни и современи системи во земјоделството.

Не бараме глас за да владееме, бараме глас за да служиме, кажа пред струмичани кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов. Тој додаде дека неговата визија е Струмица да биде препознатлива по силни економски параметри и пример за планирање и реализација на европски проекти, како и град во кој младите ќе гледаат потенцијал и светла иднина.

– Преку транспарентност и отчетност, со навремено делување и работа во сите сегменти ќе бидат третирани секојдневните проблеми на граѓаните кои живеат во општина Струмица. Со еден ваков пристап и работна филозофија, со внимателно осмислена програма во која се опфатени сите аспекти и со мојот тим, верувам дека ќе бидеме премиер во управувањето и водењето на Струмица“ кажа Костадинов.

СДСМ пред кумановци го претстави кандидатот за градоначалник. Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски порача дека на 17 октомври во првиот круг Куманово ќе го има градоначалникот Оливер Илиевски. Спасовски додаде дека победата е многу потребна во овој момент, бидејќи таа ќе биде победа за проекти, а не за популизам. Спасовски нагласи дека ќе бидат победени режимот, но и оние кои сакаат да се пазарат, потенцирајќи дека за Куманово досега се борела само социјалдемократијата и затоа Куманово ќе има повторно градоначалник од СДСМ.

– Еден градоначалник не смее да дозволи да има маало како Соколана и да му поминат четири години, а да знае дека улиците не се асфалтирани и дел немаат вода. При такви услови еден градоначалник не треба да се занимава со високи политики, со Бугарија, Грција… Таквите градоначалници се популисти и затоа треба да го избереме Оливер Илиевски, кој ќе крои политика на градот и ќе има визија какво ќе е Куманово после четири, осум, дваесет години, заклучи Спасовски.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски од Штип рече дека СДСМ е фаворит и во Истокот. Пред штипјани носителот на листата доктор Александар Мишев, како и актуелниот, но и кандидатот за градоначалник, Сашко Николов. Николовски пред присутните граѓани посочи дека СДСМ како одговорна партија, изминатите четири години покажа како треба да се развива една општина, економски, инфраструктурно и социјално, со градоначалник во служба на граѓаните, градоначалник кој комуницира и му служи на народот.

– После 40 години се  градат експресни патишта низ целиот Истok, низ целата трета изборна единица. Нема регионален пат којшто не е реконструиран и нема нов асфалт после 40 години во целиот регион. Инвестиравме во локални патишта. Платите како никогаш растат, а знаеме како беше 11 години наназад. Ја држеа минималната плата на мизерни 8.000 денари. Ги кратиме привилегиите на функционерите затоа што ние не сме во политиката заради моќ и привилегии, туку за платата што ја земаме да бидеме сервис на граѓаните и да одработиме за граѓаните, порача Николовски.

СДСМ денеска оствари и средби со граѓаните во Ново Село, Василево, Старо Нагоричане, Бутел, Штип, како и во Карпош.

избори кампања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.