Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Велес: Можеме да бидеме Швајцарија на Балканот, ако ВМРО-ДПМНЕ не нè турка во минатото

0
By НОВА ТВ on October 1, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ и Коалицијата вечерва на граѓаните на Градско, Чашка, Велес, Пробиштип и на Илинден, им ги претстави кандидатите за градоначалници. Централниот настан од караванот „Најдоброто за мојата општина“ вечерва се одржа во Велес.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, пред велешани рече „парите не ги трошиме на камења и барок, градиме патишта, водоводи, училишта, галиите ги заменивме со велосипедски патеки, паркови, ние ги слушаме потребите на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ уште го слушаат Груевски, оној кој заедно со нив ги полнеше своите џебови, меѓу кои е и Мицковски еден од подобрите негови соработници“.

– Две третини од нивните поранешни функционери се осудени криминалци, не смееме да дозволием да помине, тоа не се проекти, тоа не се бројки туку пари за провизии тајни набавки и криминал. Можеме да бидеме Швајцарија на Балканот, а тие сакаат да не вратат во минатото, во плановите и програмите, парите да не одат кај граѓаните туку во скапиот бел дворец, додека не се реформира ВМРО-ДПМНЕ не може да ја добијат довербата на граѓаните, а треба да се посветат на транспарентна политика, заедништво заради поголем стандард и среќа на децата, победуваме во Велес, рече Заев.

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Велес, Ненад Коциќ вечерва ги повика велешани на 17 октомври да гласаат за број 12 за, како што рече, да се реализира најдобрата програма за Велес, што гарантира развој, нови инвестиции, нови работни места. Најави дека ќе доминираат проекти од комуналната сфера, од инфраструктурата, патна мрежа, како и од заштита на животната средина.

– Нашиот Велес беше една од најголемите жртви од периодот на транзицијата  кога голем број  фирми беа затворени, а многу работниции беа оставени на улица. Но, исто така беше жртва и на груевизмот кој ги задолжи општините и ја урниса целата локална самоуправа. Од тука сакам да испратам порака, никогаш повеќе режим, никогаш повеќе груевизам, порача Коциќ.

Носителот на кандидатската листа за советници за Општина Велес на СДСМ и Коалицијата, Марјанчо Николов, истакна дека заедно со кандидатот за градоначалник ќе го донесат „Најдоброто“, за Велес да биде најдобро место за живеење во државата.

– Советничката листа е со родова застапеност 50/50, застапен е и концептот „Едно општество за сите“, со претставници од бошњачката, албанската и турската заедница, порача Николов.

Работевме транспарентно, отворено, инвестиравме во проекти во интерес на граѓаните, насекаде низ државата, имаме и образ и можност да ја побараме повторно довербата – порача потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче, кој вечерва го предводеше караванот „Најдоброто за мојата општина“ во Пробиштип.

– Кога се сака се се може. Значи можеле да се вратат парите кај граѓаните, можело да има повисоки плати и просечна, и минимална, можело да има и повисоки пензии. Можело социјалната помош да се зголеми за 300%. Можело да се инвестира во градинки, училишта во здравствени домови, во реконструкција на болници. Можело да се инвестира во армијата и полицијата. Можело да има оригинални лекови, а не шверцувани од Турција, можело да има оригинални инсулини, можело да има лекови за пациенти со малигни болести и со ретки болести. Можело да се дуплираат платите на лекарите специјалисти и да се даде платен стаж на младите лекари, за да не заминуваат во Германија. Можело! Ама, некој друг не го правел тоа и сега ВМРО ДПМНЕ зборува за некаква визија за Македонија. Кога ВМРО ДПМНЕ зборува за визија, тие гледаат во ретровизор, за нив иднината е минатото во кое сакаат да се вратат за да може да функционираат само тие, а граѓаните да патат. Е па, нема да може. Сега граѓаните знаат како се работи одговорно и транспарентно. Убеден сум дека знаете кој број да го заокружите на 17 октомври и дека со заокружувањето на бројот 12 гласате за развиена просперитетна Северна Македонија, гласате за економски напредок, гласате за младите луѓе да останат тука и иднината да ја гледаат тука, рече Филипче.

На трибината, беше претставен кандидатот за градоначалник на Пробиштип,  Д.Анастасов кој говореше пред присутните за својата визија за развој на градот и за подобрување на сеопштите услови за живот на пробиштипјани.

СДСМ претходно имаше митинг и во Илинден, каде потпретседателот на партијата, Оливер Спасовски, кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ја остави периферијата на Скопје нечепната и затоа во 12 села во општина Илинден денес нема комунална инфраструктура, канализациона мрежа, а во центарот на Скопје се потрошија 700 милиони евра на Скопје 2014“. Според Спасовски, нашите градови и села останаа без основната инфраструктура, бидејќи тие 700 милиони евра завршија во барок, во стиропор, во жални врби, палми, споменици и галии наместо во водоводни и канализациони мрежи и локални патишта.

– Ако се инвестираше паметно сега ќе разговаравме како уште повеќе општината економски да расте, како да ја градиме како еколошка општина и како да го подобруваме животот на граѓаните. Наместо градинки, училишта и болници тие градеа партиски музеи и партиски плоштади, рече Спасовски.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, пред граѓаните на Илинден изрази увереност во победа на претстојните локални избори, бидејќи, како што вели, патот е трасиран и за него има поддршка од граѓаните. Николовски дополни дека и покрај тоа што општината е предводена од кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Владата ги поддржала проектите во Илинден преку единаесет програми.

– Ова е Влада која се занимава и се грижи за секој регион, подеднакво да се развиваат малите и големите места. Не ги двоиме општините кога станува збор за проектите за развој, Владата поддржа проекти преку 11 различни програми за општина Илинден, како што се 5,5, милиони евра во над 10 километри патна инфраструктура, реконструкција и нова градинка, реконструкција на патот до Кадино, нови пешачки стази. Преку ТАВ програмата општината Илинден исто така не беше заборавена, кажа Николовски.

Кандидатот за градоначалник на Илинден од СДСМ Александар Тодоровски пред граѓаните кажа дека време е општина да биде модерно, урбано и безбедно место за живеење. Тодоровски кажа дека како личност е упорен и истраен како личност, а како градоначалник вети дека ќе биде отворен за соработка со бизнис секторот. Тој рече дека секој граѓанин во сите 12 населени места во Илинден треба да живее достоинствено, а програмата на СДСМ нуди можности за индивидуален развој. Тодоровски кажа дека во Илинден ќе изгради поликлиника со 24 – часовно дежурство, ветување кое актуелната локална власт го нема реализирано дваесет години.

– Приоритет ни е инфраструктурата. Ќе се асфалтира во сите 12 населени места и ќе ги решиме проблемите со фекалната и атмосферската канализација. Сите основни училишта ќе се реконструираат,  ќе има и нова градинка и ново училиште, вети Тодоровски.

избори кампања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.