Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Помошта од семејствата од странство нема да се оданочува

0
By Нова ТВ on August 13, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека предмет на оданочување ќе бидат приходите, а не дотациите и донациите што се испраќаат од странство.

Тој одговараше на новинарско прашање по лавината реакции на јавноста по веста дека Управата за јавни приходи (УЈП) ќе има 24 часовен пристап до приватните банкарски сметки на граѓаните.

-Се работи за процес кој е финансиран од ЕУ се работи за правото на државата да ги наплати даноците од приходи на граѓаните. Државата нема намера да навлегува во тоа како граѓаните ги трошат парите, во делот на нивните расходи, туку во делот на приходите. Даночната евазија е присутна и тоа најмногу таму каде што има најмногу приходи. Конечно создадовме систем, ја подготвивме државата преку поврзување со банкарскиот сектор да има увид во приходите кои треба да бидат оданочени, изјави Заев.

Тој појасни дека во ваквиот процес нема ништо недемократско и постои во речиси во сите европски земји. Тој објасни што ќе биде предмет на оданочување.

-Се оданочува тоа што е приход како заработка, тоа што е помош од семејствата од надвор не се оданочоува. Ако некој има приход од странство затоа што работел во странство или имал интелектуална услуга и за тоа добил приход, тоа е приход што се оданочува. Дотациите, донациите кои нашинците ги испраќаат на нашите сограѓани овде, апсоултно нема да се одначочуваат и таа дилема да ја отстраниме, изјави Заев.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска вчера ја објасни постапката, особено во делот на заштитата на податоците на граѓаните.

 

 

Заев Оданочување увид УЈП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.