Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Прогресивниот данок не дава очекувани резултати

0
By Нова ТВ on November 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прогресивниот данок не ги даде очекуваните резултати од причина што земјава е опкружена со држави во кои даноците се многу ниски и генерално имаат рамен данок, истакна денеска Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев по денешното поставување на првиот електричен столб од новиот далековод од Штип кон Пробиштип. Смета дека е ретко некоја власт, чесно да истапи пред својот народ и да ја повлече оваа мерка.

„Признаваме дека прогресивниот данок не даде резултати. Ова е израз на чесно владеење, што ќе продолжи оваа Влада да го практикува. Заради тоа што постоиме и работиме за народот и секогаш е почесно да ги признаете грешките и да повлечете чекор назад, отколку буквално да продолжите во нешто од пусти каприц и само да покажете дека сте исправен во тоа што сте почнале како политика“, вели Заев.

Смета дека со овој потег се флексибилни кон стопанството и работниците, а анализите покажале дека капиталот е мобилен и овозможува отворање на сметки надвор од државата.

„Растот на персоналниот данок е повеќе од 14 проценти оваа година, но ова не се должи само на прогресивниот данок, туку заради тоа што имаме 54.000 нови работни места. Тие плаќаат персонален данок, заради тоа што платите растат, а расте и персоналниот данок за платите. Гледаме дека сме навлезени во еден ризик, којшто веројатно во едно несоодветно време, кога во целиот регион, скоро сите земји имаат рамни даноци и во време кога државата влезе неподготвена да ги заштити пред се информатичарите, интелектуалната класа или академска, која е со едно сериозно образование, генерира приход повеќе од 18.000 евра годишно или 1.500 евра месечно. Сето тоа на еден начин го стават во функција да отворат сметка во Косово, Србија, Бугарија и истовремено да ја премести својата компанија, вели Заев.

Премиерот истакна дека токму врз овие анализи за прогресивниот данок е можно и странските компании не се мотивирани да вложуваат во земјава, а пред се во високите технологии и информатичкиот сектор.

Зоран Заев Прогресивен данок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.