Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Се обединуваме за да продолжи развојот на Ресен, за парите да продолжат да се враќаат кон граѓаните и земјоделците

0
By НОВА ТВ on October 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На речиси една недела од вториот круг, одовде од Ресен, бисерот на Преспа испраќаме порака на обединување. Обединување на сите етнички заедници, но и на сите социјални категогрии, затоа што развојот на општина Ресен е во интерес на сите граѓани. Ова се важни локални избори затоа што од исходот ќе зависи иднината на Ресен и на останатите општини, од исходот ќе зависи дали парите од Буџетот ќе одат во општините и граѓаните или во споменици, бикови, палми и жални врби, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој изјави дека изминатите четири години постигнати се сериозни успеси во делот на економијата, при тоа соочувајќи се со последиците од пандемијата на коронавирсуот.

– Сите плати се во просек зголемени за над 6.000 денари или за најмалку 100 евра. Невработеноста е на историски најниски 15.9 отсто , за 300 отсто ја зголемивме социјалната помош, зголемени се субвенциите за земјоделците, преку проектот Мој ДДВ преку 36 милиони евра вративме кај над 400.000 граѓани за само две години, рече Заев.

Тој потсети и дека во однос на земјоделците, особено до овоштарите и јаболкарите кои се засадени во и околината на Ресен дека за 20 отсто се зголемени субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми од 2 на 3 денари по килограм.

– Субвенцијата за одржување на насади е повторно зголемена и тоа од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а дополнително, кај оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката порасна од 39.600 на 50.000 денари по хектар. За овоштарите кои имаат насади во подрачја со ограничени можности во области над 700 метри надморска височина, како што е овој регион субвенциите се зголемени за дополнителни 15%, односно поддршката изнесува  57.500 денари по хектар, рече Заев.

Тој кажа дека со 50 милиони евра се раздолжени општините, а потоа вложени се 500 милиони евра во реализација на над 7.000 локални проекти.

– Сето тоа зборува за нашата посветеност да вложуваме во луѓето да вложуваме во локалниот развој. И овие успешни политики мора да продолжат. А ќе продолжат само ако сме сплотени, само ако сме обединети околу идниот развој на Ресен и на државата. Затоа, ги повикувам сите граѓани, да се обединиме и на 31 октомври да гласаме да продолжи грижата за граѓаните, да продолжи помошта кон земјоделците, да продолжат да растат платите, а парите да се враќаат назад кај граѓаните. Да гласаме да продолжи развојот на Ресен, да гласаме за број 12 и Живко Гошаревски, кажа Заев.

Зоран Заев Ресен СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.