Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев се сретна со Борисов пред почетокот на официјалните средби во Софија

0
By Biljana on June 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 17, 2021 09:37

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и владината делегација предводена од него беа примени од лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов во седиштето на партијата, јави дописникот на МИА од Софија. Приемот од Бојко Борисов беше пренесен директно на неговиот фејсбук-профил.

Заедно со Борисов, во име на ГЕРБ, беа поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева и заменик-претседателот на партијата и поранешен министер за надворешни работи Даниел Митов.

На средбата беше изразена желбата, врз основа на претходните позитивни искуства од подготовката и потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство и врз основа на лидерството на Бугарија во однос на проширувањето на ЕУ кога претседаваше со Советот на Европската Унија, со нова динамика да продолжи поддршката на евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и на Западен Балкан.

Борисов искоментирал пред Заев дека ништо нема да се случи од неговата денешна посета на Бугарија. Лидерот на ГЕРБ го критикуваше бугарскиот претседател Румен Радев и рече дека бугарските власти ќе ги излажат и нема да сторат ништо.

„Ќе имате многу средби денеска. Убеден сум, особено за Радев, дека тие ќе ви кажат оти без Парламент, не може да се работи. Ништо нема да излезе од вашата денешна средба“, рече Борисов.

Според него, сегашната привремена Влада на Бугарија ги има сите права и може да преговара со Северна Македонија и рече оти ако сакаат можат да преговараат за нов договор ако не им се допаѓа оној потпишан во 2017 година.

Борисов му ја повтори позицијата на Заев дека младите од двете земји ќе се замразат доколку не се постигне договор.Тој предвидува дека можеби нема да бидат потребни инфраструктурни проекти затоа што никој нема да може да се движи низ нив.

За време на разговорот беше речено дека службената влада на Република Бугарија ја има целата надлежност и уставна можност да решава актуелни отворени прашања.

Премиерот Заев на средбата истакна дека тој и владината делегација се во Софија за да се вложат напори за градење доверба и да се направи чекор напред кон решение бидејќи македонскиот и бугарскиот народ се блиски и природно повикани на соработка.

Тој додаде дека Софија има особено значење за македонската интеграција бидејќи токму тука беа поставени контурите на Договорот од Преспа за време на ЕУ самитот за Западен Балкан во 2018 година и дека тие заеднички искуства од непосредното минато и сега треба да бидат поттик и начин на изнаоѓање решенија за актуелната ситуација меѓу двете земји.

Заев и Борисов истакнаа дека како чекор кон градење на пријателството и довербата е добредојдена идејата за организирање форум меѓу младите, подмладоците и младинските организации од Северна Македонија и Бугарија за да разговараат за заедничката иднина и дека тоа е една и од обврските на политичките лидери, да бараат решенија заради младите и нивната иднина.

Заев се заблагодарил за посветеноста на тогашната Влада на Борисов за време на претседателството со ЕУ и средбата во 2018 година и истакна дека во Софија е постигнат компромис со тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас.

Бојко Борисов Зоран Заев Официјална посета на Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.