Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Владата да преземе лидерски одлуки

0
By Соња Крамарска on July 5, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од денешното учество на поранешниот премиер Зоран Заев на конференцијата во Атина
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Францускиот предлог можеби не е најдобар, но е добра основа за почеток на преговори со ЕУ, порача поранешниот премиер Зоран Заев. „Ја советувам Владата да преземе лидерски одлуки, тоа го сторивме со мојот пријател Алексис Ципрас со потпишување на Договорот од Преспа што донесе стабилност, донесе добри пораки до Европската унија дека овде на Балканот, на европски начин можеме да најдеме решение на многу тешки прашања, преку дипломатија и дијалог и продолжуваме да сме добар пример за Европската Унија и се надевам дека Северна Македонија ќе продолжи и преку прифаќањето на предлогот од ЕУ и конечно после 17 години ќе почне преговори“, рече Заев и додаде дека процесот ќе ги охрабри и останатите земји од регионот.

„Овие денови Северна Македонија и Европската Унија прават историски чекор напред. Последниот предлог на француското претседателство е добра основа за Северна Македонија да го почне преговарачкиот процес што за сите земји започнува со меѓувладина конференција и со скрининг“,рече тој говорејќи на годинешната конференција на Економист што се одржува во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

„Секако, предлогот не е најдобриот, но, ние сме Балкан. Треба да го искористиме моментумот, имајќи на ум дека најважните прашања за нас, нашиот идентитет, Македонци од Северна Македонија и нашиот македонски јазик се ставени во преговарачката рамка, јасно, како и сите други јазици и ќе стане иден официјален јазик на Европската унија“, рече Заев и додаде дека треба да се земе предвид и да се искористи фактот што „ЕУ во иднина ќе биде на маса со нас и Бугарија, дури и за билатерални прашања, преку преговарачкиот процес“.

Заев истакна дека она што е важно е дека се гарантирани македонскиот идентитет и јазикот, изрази надеж дека францускиот предлог ќе добие мнозинство во Собранието, а актуелната Влада ја советуваше да покаже лидерство. Тој истакна и дека Северна Македонија донесе многу тешки одлуки во изминатите неколку години. Земјата, рече, испорача мир и стабилност во регионот и во Европа, заедно со реформите во земјата, а паралелно потенцираше дека стратешкиот интерес на земјата е веднаш да започне преговори за членство со ЕУ.

Поранешниот македонски премиер посочи дека ова е „драматичен момент во Северна Македонија“, бидејќи во тек е процес на консултации на Владата со опозициските партии, со владините партии со експерти итн. Заев подвлече дека денеска, утре или задутре Собранието ќе треба да гласа и изрази уверување дека ќе постои мнозинство, истакнувајќи дека „она што е важно е да одиме напред кон ЕУ бидејќи нема алтернатива“. (С.К.)

Атина Зоран Заев поддршка француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.