Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз пратеници да не гласаат за законот за ЈО

0
By Нова ТВ on February 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вели дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници од оваа партија вршат притисок врз колеги да не гласаат за законот за јавно обвинителство. Кога Владата, нагласи тој, го пратила предложениот текст во собраниска процедура, имал збор за поддршка од 80 пратеници, но оттогаш, според него, се случуваат притисоци и закани кон пратениците. Па, дали за законот за ЈО ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство, посочи Заев, ќе се знае при самото гласање.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив и поранешни пратеници, генерално осомничени или веќе обвинети луѓе, вршат притисок врз пратениците. Имав збор од 80 пратеници дека ќе го поддржат и затоа законот беше пуштен. Имав збор, но тоа што се случува е вистинска драма“, вели Заев.

Тој додаде дека притисокот што се врши врз пратениците е десетпати поголем од оној што се вршел за време на уставните измени.

„Да се остават пратениците да одлучуваат по сопствено убедување. Јас ги немам пратениците во раце. Секој од нив е многу свесна индивидуа, секој од нив е прво одговорен за тоа што е избран и ги претставува нашите граѓани во домот на демократијата и носи одлука согласно Устав и закон како што чувствува. Верувам дека ќе донесат вистинска одлука“, истакна лидерот на СДСМ и додаде дека до крајот на оваа седмица ќе биде јасно дали има двотретинско мнозинство за законот.

Заев смета дека ова законско решение треба да го обезбеди функционирањето на правната држава и владеењето на правото. Потенцира дека во него нема никаква скриена амнестија, како што тврдат од опозициската партија.

„И снимките да се обезбедени со ПИ Мерки, не може само врз основа на нив да се покрене обвинение. За такво нешто мора да има и материјални докази. Сите обвиненија на СЈО до 30 јуни, се обезбедени, осигурени и предметите продолжуваат во судски постапки, а за некои од нив има и правосилни судски пресуди. Се што е покренато по 30 јуни се дава шанса да продолжат врз основа на материјални докази, ако, секако, ги има како што е случаите „Талир 1“ и „Талир 2“ во кои се основа на постапката“, рече Заев.

Тој се надева дека ќе се соберат сили законот за ЈО да биде донесен и да се обезбеди владеење на правото, за како што рече, да се осигураме дека ќе функционира правната држава и правдата.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако член на опозицијата правел притисок, досега ќе беше во затвор 

ВМРО-ДПМНЕ возврати дека неуставниот закон за јавно обвинителство му е важен на Заев поради членот 110 преку кој се амнестира за сите сторени криминали.

„Со членот 110 став 1 од предлог Законот за Јавно Обвинителство се предвидува сите незаконски снимени материјали да не може да служат за индиција врз која Обвинителството ќе може да отвори истрага. На овој начин, Заев се обидува да се амнестира себе си и Катица Јанева и за нив да не важат објавените снимки. Невиден апсурд е тоа што Заев го тврди во врска со тоа дека незаконски стекнатите материјали не можело да бидат сметани како докази и пред 30 септември. Тогаш зошто воопшто се става датумот во законот и зошто се креира правна несигурност и различни услови за лицата гонети пред 15-ти и после 15-ти септември во 2019 година. Незаконските материјали или треба да важат за сите или не смее да важат за никого“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија наведуваат дека доколку имало каков било притисок врз кој било пратеник од страна на некој член на опозицијата, досега Рускоска и Кацарска ќе го сместеа во притвор.

Расправата за законот за ЈО денеска на собраниска Комисија за европски прашања

 

Расправата за законите за Јавно Обвинителство и за Советот на јавни обвинители продолжува денеска на седница на собраниската Комисија за европски прашања. Владејачкото мнозинство е за донесување на законот за јавно обвинителство, додека опозицијата побара тој да биде тргнат од дневен ред.

Министерката за правда Рената Дескоска рече дека предложеното законско решение создава основи за градење силно, професионално, ефикасно и капацитетно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Целта беше да се зголемат професионалните стандарди во Јавното Обвинителство, но и да се овозможат средства за тоа да си ги врши своите надлежности“, рече Дескоска.

Во овој закон се создадени услови кои на некој начин се гаранции на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели министерката, кое треба да ги гони евентуалните кривични дела на носители на висока власт, но и да ги продолжи предметите што беа почнати од СЈО.

Дескоска како една од гаранциите ја спомена неможноста јавниот обвинител, кој е државен обвинител, да одзема предмети од Јавното Обвинителство за организиран криминал и корупција, освен во случаи кога има прекршување на законот од ЈО. Значи, како што рече, не по сопствена проценка и не по сопствена волја, туку да има сигурна правна основа за какви било дејствија за преземање надлежности.

Според неа, создадени се основи за финансиски гаранции на целокупното Јавно Обвинителство. Министерката рече дека на предлог на една од пратеничките групи во Собранието, внесена е посебна постапка за избор на јавен обвинител за организиран криминал и корупција која, како што рече, досега не е позната во нашиот систем.

 

Закон за ЈО Зорадн Заев Рената Дескоска Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.