Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Во постојан раст е економската активност во Технолошко развојните индустриски зони, за 8 отсто повеќе работни места

0
By НОВА ТВ Balaban on August 15, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во моментов во зоните работат 14.240 наши сограѓани, а се очекува ваквиот тренд да продолжи во наредните месеци, бидејќи во дел од компаниите се спроведуваат процедури за отворање на нови работни места, а според договорите постојните инвеститори имаат обврска да отворат дополнителни 7.000 нови работни места“, вели Заев.

Економската активност во Технолошко развојните индустриски зони е во постојан раст, анализите на ТИРЗ покажуваат пораст на бројот на вработени и извозот во зоните. Бројот на работни места во ТИРЗ е зголемен за 8% за една година, споредено јули 2021 во однос на истиот месец 2020 година, објави премиерот Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил. 

Во објавата Заев додава:

„Во моментов во зоните работат 14.240 наши сограѓани, а се очекува ваквиот тренд да продолжи во наредните месеци, бидејќи во дел од компаниите се спроведуваат процедури за отворање на нови работни места, а според договорите постојните инвеститори имаат обврска да отворат дополнителни 7.000 нови работни места.

Редовната месечна анализа на ТИРЗ покажува позитивен тренд и во однос на извозот. Во првите седум месеци од 2021 во зоните вкупниот извоз достигна 1 милијарда и 700 илјади евра, што е за 56% повеќе во однос на истиот период лани, односно над 9% во однос на 2019 и речиси 30% повеќе од 2018 година. Само во јули извозот е 225 милиони евра. Според анализата компаниите активни во зоните учествуваат со над 45% во вкупниот извоз на државата.
Овие позитивни бројки се резултат на новиот концепт на привлекување инвестиции на ТИРЗ и Владата кој се базира на анализа на 10 годишни инвестициски планови врз основа на кои се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата.
Продолжуваме со реализација на мерки и политики што носат нови инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард за сите“.

 

 

анализите Зоран Заев индустриски зони позитивен тренд Технолошко развојни ТИРЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.