Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за статусот на Охрид во УНЕСКО: Работевме и успеавме, одговорноста е на сите да продолжиме така

0
By НОВА ТВ on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието повика на одговорно однесување од сите во државата кон Охрид како природно и културно наследство, заштитено од УНЕСКО, откако Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 44-та сесија во Фуџи, Кина, донесе одлука природното и културно наследство на Охридскиот регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност.

– Сите институции, посветено работевме, денес да ја имаме шансата, односно да создадеме аргументи, да не биде Охрид прогласен под опасност од страна на УНЕСКО. Денес успеавме. Тоа мора да ни биде мотивација и обврска Охрид да го развиваме со усул, водејќи грижа за ова богатство, кое е првиот тригер за привлекување на туристите во Охрид и во Струга. Ја имаме одговорноста сите да продолжиме по тој пат, рече премиерот Заев.

Тој од собранискиот пулт ги поздрави напорите на градоначалникот и на Советот на Општина Охрид, за преземените чекори.

– Важен ни е Охрид, важна ни е Струга, Охридскиот регион, затоа што тоа е наша обврска и пред светот, не само пред нас овде. Со одлуката, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО го препознава и уважи напредокот на Република Северна Македонија и напредокот на Република Албанија во насока на зачувување и исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион и одлучи двете земји да добијат повеќе време со цел да ги исполнат препораките кои произлегуваат како реактивни мониторинг мисии и одлуки на Комитетот, создадени од претходно. Северна Македонија и Албанија, со оваа одлука се обврзаа да донесат заеднички стратешки план за рехабилитација на регионот и дополнително да го подигнат нивото на билатералната заштита и управувањето со светското наследство, вели Заев.

Премиерот додаде дека одлуката не значи дека работата е завршена, иако, како што рече, таа значи верификација за тоа што е направено во последните неколку години, со оглед дека извештаите од 2014, 2016, 2017, кои биле правени со мониторинг мисии јасно укажуваат на девастацијата наназад, а во последните години исто укажуваат на сѐ што e постигнато.

– Успех е донесувањето на планот за управување со охридското крајбрежје, изградбата на колекторот и продолжување на доизградбата на канализационите притоки, пречистителните станици, конечно влегување во клинч со расчистување на плажите што не е благопријатен процес, но е со цел унифицирање и враќање на плажите онака како што УНЕСКО тоа го предвидува и дозволува, на начин на којшто ќе се договорат општинските власти, државните институции и граѓаните. Денес плажите се целосно прочистени од дивоградбите, од бетоните, од железата, сето тоа кое што беше констатирано во извештаите од одземањето на парцелите на МПЦ-ОА заради мегаломанството на Субрата Рој поддржано од тогашните власти, до носењето морски песок на крајбрежјето на Охридското езеро и целосно извитоперување на природното наследство, уништувањето на културната традиција и наследство и во делот на 365 цркви, џамии и сите верски објекти, што се меѓу причините за негативните извештаи, рече Заев.

Заев Охрид Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.