Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Зајакнати инспекции за да нема манипулации при откупот на грозјето

0
By Нова ТВ on August 24, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 24, 2018 21:45

Зајакнати инспекциски контроли за да не се манипулира со лозарите при откупот на грозје за килограмите и шеќерноста, најави премиерот Зоран Заев вечерва на средба со лозарите.

Лозарите се незадоволни бидејќи наместо 15 и 17 денари како што бараат, винарите понудиле 11 и 13 денари за килограм грозје.

Според Заев, фер е винарниците да прифатат повисоки цени затоа што немаат залихи на вино.

– Продолжуваме со активностите, ќе видиме какви се цените во соседството. Ќе разговараме со винарските визби да прифатат минимални цени од 13 и 15 денари за килограм смедеревка и вранец, наместо нивните 11 и 13 денари. Ќе преговараме користејќи ги вашите аргументи. Ќе направиме се што можеме и во најскоро време ќе информираме за резултатите. Цената на грозјето мора да биде достоинствена, рече Заев.

Лозарите се согласија со заклучоците, откако претходно побараа засилени контроли од страна на инспекторите. Коментираа дека од евтино грозје се прави скап пијалак. Годината, рекоа, била тешка бидејќи поради дождовите третирале повеќе со пестициди, кои пак биле најскапи во споредба со други држави.

– Проблемот е хроничен, а со тоа што цените не се дефинирани на време, губат и лозарите и винарите, рече лозарот Диме Соколов.

Премиерот нагласи дека се добредојдени  откупувачи од страна, за да се постигнат што е можно повисоки цени, но оти на крај сепак пазарот е регулатор на состојбите, а извозот е слободен.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека со премиерот и градоначалниците на Неготино и Кавадарци ја знаат маката на земјоделците, бидејќи и самите некогаш работеле земјоделство. Вети засилена инспекција при откупот. Винарниците, како што рече, не смеат да се договараат околу цените, а државата може само да разговара со економските субјекти и да нуди поволности, но не и да врши притисок. Бариери за извоз на грозје не постојат.

Според градоначалникот на Неготино Тони Делков, во иднина е потребна методологија за пресметка на цените за грозјето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.