Бројот на загинати е 20 додека 100 се ранети во пукањето во Медалеј беј хотел – казино, каде се одржувал музички фестивал, соопшти болницата во Лас Вегас,.
„Повеќе од 20 лица се убиени и над 100 се повредени“, изјави шерифот на Лас Вегас, Џозеф Ломбардо.
Тој потврди дека напаѓачот е застрелан, но полицијата трага по неговата соучесничка Марли Данли. Напаѓачот е локален жител, а мотивите за нападот засега се непознати.
Шерифот не сакаше да го соопшти името на напаѓачот, но потврди дека пукал од 32.кат од хотелот Менделеј Беј.