Премиерот Оливер Спасовски информира дека сите наши македонски државјани кои беа оставени во меѓуграничните зони на Хрватска и Србија и на Унгарија и Србија се тргнати со конвој кон земјава.
„Сакам да информирам дека нашите граѓани кои беа останати во меѓуграничната зона меѓу Хрватска и Србија како и меѓу Унгарија и Србија безбедно тргнаа во конвој кон земјава. Се за граѓаните“, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.