Бразилскиот Сенат изгласа да се одржи процес за отповикување на суспендираната претседателка Дилма Русеф, со што таа може да биде трајно сменета од функцијата.
Бразилскиот сенат ја суспендираше Русеф во мај поради незаконски сметководствени работи и за малверзации со буџетот.
Русеф која е првата жена претседателка на оваа држава, смената ја нарече „пуч што го организирале нејзините политички непријатели“.
Процесот за отповикување е закажан за 25 август, четири дена по официјалното затворање на Олимписките игри, и се очекува да трае пет дена, заклучно со гласањето и пресудата.
На почетокот на маратонската седница на Сенатот, која започна во вторникот, претседателот на Врховниот суд ги потсети сенаторите дека пред нив е една од најсериозните задачи во рамките на Уставот.
Отповикувањето на Русеф нема само да ја затвори нејзината политичка кариера, туку 13 годишното владеење на левичарите во Бразил.




