Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Закон за ЈО: Се уште не се формирани работните групи што ги најавија Заев и Мицкоски

0
By Нова ТВ on March 13, 2019 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 13, 2019 09:11

И покрај најавите по средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека работни групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ од 11 март интензивно ќе работат на новиот предлог-закон за јавно обвинителство со кој се предвидува интегрирање на Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство, тие сé уште не се формирани.

Работната група на СДСМ ќе ја предводи министерката за правда Рената Дескоска, а сé уште се чека на ВМРО-ДПМНЕ да номинира членови.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес конференција рече дека координацијата се води на ниво на партии и упати за повеќе информации кон СДСМ и кон ВМРО-ДПМНЕ.

Проблематично е и мнозинството во Парламентот.

Алијансата за Албанците нема да даде поддршка, бидејќи според нив „ова е политичка игра“, а незадоволна од работата на СЈО е и Беса. Неизвесна е и поддршката на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, како и на ДПА.

Според вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи лажна е веста дека ДУИ инсистирало за смена на тимот на СЈО.

Османи истакна дека ДУИ ќе продолжи со поддршка за да се обезбеди мнозинство и да се усвои новиот закон за јавно обвинителство, во кое е инкорпорирано СЈО, бидејќи, како што рече вчера, ќе биде важна одредница за проценка на успешноста на реформската агенда.

Бомбите заминуваат во историјата-СЈО нема право да ги користи за новите истраги

Мицкоски на средбата со Заев побарал да се прошири опфатот на делата кои ќе ги гони Специјалното јавно обвинителство.

– Разговаравме за законот за јавно обвинителство, предлог текстот го добивме во четврток така што немавме многу време да се посветиме на супстанцата на самиот закон. За нас значајно како политичка партија е тоа што овој специјален јавен обвинител го загуби комлетниот и личен и професионален кредибилитет за да ја добие нашата поддршка во иднина. Принципиелно интегрирање на СЈО како дел од Јавното обвоинителство можеме да го отвориме како тема и да го дискутираме бидејќи е дел од сетот реформски закони, рече Мицкоски.

Премиерот Заев вели дека според законот, мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева трае до март 2020 година и дека очекува конструктивност и поддршка од најголемата опозициска партија.

– Нашите ставови се јасни, ова Специјално јавно обвинителство треба да се вгради во јавно – обвинителскиот систем на Република Северна Македонија, каде што треба да му се даде шанса на овој капацит кој е создаден во државата да продолжи на чело со Катица Јанева и целиот тим, не само обвинители, туку и извршители, изјави Заев.

Илија Димовски: Може да поддржам продолжување на работата на СЈО

Законот за јавно обвинитилство за кој е потребно двотретинско мнозинство, би било добро да биде донесен пред изборите заедно со останатите реформски закони кои се услов од Европската Унија за добивање датум за преговори.

Министерката за правда Дескоска неодамна изјави дека донесувањето на законот за јавното обвинителство ќе биде еден од клучните моменти кои ќе бидат пресудни во одлуката за отворање преговори, имајќи ги предвид препораките од меѓународната заедница, особено од Европската Унија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.