Двајца републикански сенатори во САД, Мајк Ли и Џери Моран соопштија на Твитер дека нема да ја поддржат ревизијата на Законот за здравство на Доналд Трамп во моменталната форма и на тој начин законот не може да биде изгласан.
-Не би требало да ставам печат на одобрување на лошата политика, напиша Моран на Твитер критикувајќи го процесот на тајност при пишување на овој закон.
Администрацијата на Трамп инсистира на брзо изгласување на овој закон, а Белата куќа соопшти дека ќе настојува да се бори за законот.
Во реакцијата на Трамп на Твитер се наведува дека републиканците треба да го укинат неуспешниот Обамакер и да започнат со новиот план од нула, истакнувајќи дека демократите ќе се придружат кон тоа.
Но демократите укажуваат дека нема да соработуваат ни во еден републикански закон чија цел е да го поништи Обамакер, но велат дека се отворени за соработка за подбрување на овој закон, пренесува Ројтерс.




