Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за медиуми на прoверка во Стразбург

0
By Нова ТВ on May 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за медиуми наскоро ќе патува во Советот на Европа (СЕ) во Стразбург на проверка, дознава Нова од дипломатски извори во ЕУ. Ова паневрпоско тело е единственото кое има своја регулатива за слободата на медиуми и од тие причини СЕ е тој што ќе го прочита македонскиот предлог на законот.

Во Брисел ги следат реакциите на новинарите околу новиот закон, но прецизираат дека ЕУ не е иницијатор на новиот закон ниту пак тоа го барала од македонските власти. Улогата на ЕУ во медиумската сфера се ограничува на фиксирање на правила за одбрана на јавниот интерес како што се пазарот и лојалната конкуренција во оваа област.

Според проценките во Брисел законот има свои добри и лоши страни и оттука е важно нацрт текстот да го види тело како СЕ.

“Она што е важно е дека владата треба да почне да објаснува зошто е донесен законот и да го толкува. А новинарите се тие што треба внимателно да го прочитаат и да изнесат своите забелешки и прашање кои владата мора да ги одговори бидејќи е потребен консензус пред текстот на биде донесен“, вели еден дипломат во Брисел.

На денешната средба на новинарите со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими која тој ја организираше по повод 3 мај – светскиот ден на слободниот печат, новинарските организации побараа од вицепремиерот законот да се повлече, но и тој лично да се заложи текстот од предложениот закон за медиуми да се прати на експертиза во Советот на Европа.

Иако министерот средбата ја започна со предлог да се дискутираат глобалните тенденции на пад на слободата на медиуми во целиот свет кои ги забележала меѓународната организација Фридом Хаус во последниот извештај, претставниците на ЗНМ, ССНМ и ЦРМ, како и присутните новинари инсистираа да се разговара за законот за медиуми.

Вицепремиерот Бесими покажа волја да разговара со новинарите за законот, но остана на линијата на Владата дека тоа е закон кој Европа го бара од нас и им порача на здруженијата сите забелешки и коментари да ги достават до Министерството за информатичко општество.

Законот за декриминализацијата на клеветата кој се донесе минатата година беше испратен на експертиза во Советот на Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.