Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законско сè или ништо

0
By Нова ТВ on May 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колумна на Беса Арифи – Доцент во областа на казненото право во Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

Вчера донесениот по скратена постапка Закон за дополнување на Законот за помилување претставува сериозно проблематична импровизација на некакво си „решение” за состојбата која се создаде по Одлуката на Претседателот за помилување на 56 лица донесена на 12 април. Од правен аспект, ваквото „решение” е спорно заради повеќе причини:

1. Новодонесениот, а многу очекуван закон воопшто не го спори постоењето на членот 11 од Законот за помилување од 1993 година во правниот поредок. Да се потсетиме дека Уставниот суд на РМ во своето Решение број 97/2011-0-0
од 02.2012 година јасно кажува дека „Уставниот суд не е надлежен да врши законодавна функција и да нормира прописи, со враќање во сила на оние одредби кои повеќе не се во правниот поредок”.

Тоа значи дека членот 11 на Законот за помилување избришан во 2009 година, веќе не постои. Така, СИТЕ 41 Одлуки за помилување на Претседателот се правно ништовни бидејќи се основаат токму на овој член. Вчера донесениот закон, не само што не го спори постоењето на членот 11 туку истиот го „надградува” со дополнителен член 11-а, што е правно невозможно: како се дополнува правно решение кое не постои?

Со овој потег, Собранието, или поточно владејачкото мнозинство, наместо да донесе автентично толкување за да ги разјасни „дилемите” околу членот 11 и јасно да соопшти дека тој е неважечки член, тоа всушност го легитимира на незаконски начин постоењето на оспорениот член па дури оди и чекор натаму да го надградува со дополнителен член 11-а. Ваквото постапување е идентично со надградување на претходно рушена куќа која веќе не постои. Донесувањето на член 11-а всушност претставува градење на втор спрат кога приземјето и првиот спрат веќе не постојат. Каква чудна градба би била таа каде вториот спрат би висел на воздух?

Како што е тоа физички невозможно, така и донесувањето на член 11-а е правно невозможно а сепак сторено и тоа од највисокиот и единствен законодавен дом во државата. “Алиса во земјата на чудата” се повеќе почнува да наликува на вистинита приказна во споредба со реалноста во која живееме.

2. Таквиот член 11-а предвидува сега некаква правна можност Претседателот да може да ги повлече помилувањата дадени без претходна постапка (кои и така правно не може да ги даде) само за лица кои тоа ќе го побараат од него. Правно ништовно помилување не може да се повлече на овој начин од страна на донесувачот на таквата одлука. Правно ништовното помилување треба да се прогласи за ништовно во сите 41 случај од истиот донесувач на таа одлука со или без претходно автентично толкување дадено од Собранието.

Не може правно ништовно помилување да важи за некој а да не важи за друг кој не сака да биде помилуван на тој начин. Не може ништовно помилување да биде повеќе ништовно за некои а помалку ништовно за други.Ништовното помилување е ништовно во сите случаи, а не само во тие каде помилуваните реагираат.

3, Суштината на барањето за повлекување на ништовното помилување на Претседателот кое се огледува паралелно и кај граѓаните кои цел месец веќе протестираат неуморно против селективната правда како и во силните изјави на меѓународните претставници, не се состои во можноста помилуваните лица да го користат своето право на фер судење, таквото право е лично право на секој граѓанин кое во овој контекст е истотака важно да се исполни.

Меѓутоа не смее да се заборава дека суштината на барањето на повлекување на помилувањето се состои во основниот факт дека ништовното помилување не може и не смее да произведува правно дејство за ниедно лице кое е помилувано на таков незаконски начин.

4. Било какво одлучување во врска со помилувањето мора да биде детално образложено. Во тој предложен член 11-а изречно стои дека Претседателот не е должен да го образложи повлекувањето на даденото помилување. Отсуството на образложение му дава на Претседателот дискреционо право за еден многу важен институт на правдата кој доколку се злоупотребува на ваков начин (на кој што веќе е злоупотребен) оди во потполна спротивност со принципите на владеење на правото и поделбата на власта.

5. Важењето на законот е исто така проблематично бидејќи се поврзува со донесувањето на тој закон не со самиот чин на помилувањето. Имено во вчера донесениот закон се вели дека помилуваното лице во рок од 30 дена од донесувањето на овој зкон има право да побара повлекување на истото а Претседателот е должен во тој случај да го повлече своето помилување. Тоа значи дека овој закон ќе важи само 30 дена од неговото донесување.

Во своето јавно обраќање со кое Иванов неуспешно се потруди да го објасни својот нелогичен и противправен чин, тој рече дека на ист начин ќе постапува и во следните случаи со ваква природа кои ќе се појават во иднида. Што ќе се случи ако тој одлучи пак да помилува исто или друго лице после 30 дена? Ќе се носи друг закон со друг член 11-б кој тоа ќе го овозможи?!

Заради овие причини, решението на овој проблем никако не смееше да се бара во дополнување на неважечки член на законот туку да се наоѓа таму каде што веќе постои, помилувањата од Април треба да се прогласат ништовни и како такви да се повлечат бидејќи се основани на непостоечки член од Законот за помилување. Со вакви импровизации и обиди само формално и површински да се решаваат суштински работи само се лажеме себеси дека живееме во некаква си палата од соништата која во реалноста одамна не постои.

аболиција Закон за помилување Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.