Левичарскиот Револуционерно народно-ослободителен фронт го заробиле турскиот обвинител Мехмет Селим Кираз во истанбулска судница. Според последните информации, неколку истрели биле испукани во судницата, но нема податоци за настрадани.
Се смета дека причината за инцидентот е случајот со загинувањето на 15-годишниот Беркин Елван, кој го водел обвинителот Кираз.
Во меѓувреме киднаперите на Твитер објавиле фотографија од обвинителот и маскиран напаѓач како држи пиштол вперен во неговата глава. Неговиот заменик Ведад Јигит соопшти дека во моментов се одвиваат преговори преку посредник што го одбрале киднаперите.
Според некои турски медиуми, киднаперите на властите им дале рок до 15:30 часот да ги исполнат нивните барања, а тоа се полициски службеници во живо преку телевизиски пренос да го признаат убиството на Беркин Елван, потоа судење на виновниците пред „народен суд“, како и ослободителна пресуда за сите уапсени на маршот на солидарност за Елван.
15-годишниот Беркин Елван загина на 11 март 2014, по речиси година помината во кома откако го погоди солзавец испукан од полицијата за време на антивладините протести во 2013 година.




