Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Залужни првпат јавно за судирот со Зеленски

0
By Zoran Ivanov on February 18, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 18, 2026 18:14

Валериј Залужни, поранешен командант на украинската војска и актуелен амбасадор во Обединетото Кралство, во интервју за „Асоушиејтед прес“ првпат јавно проговори за длабокиот раздор со претседателот Володимир Зеленски.

Тој тврди дека тензиите почнале кусо по руската инвазија и кулминирале во септември 2022 година, кога агенти на тајната служба на Украина (СБУ) се појавиле во неговиот кабинет со намера да извршат претрес.

Залужни вели дека тоа го доживеал како заплашување и дека му се заканил на тогашниот шеф на кабинетот Андриј Јермак дека ќе повика засилување за да го заштити командниот центар.

Залужни исто така ја критикува пропаднатата украинска контраофанзива од 2023 година. Првичниот план, објасни тој, бил да се концентрираат силите во „една тупаница“ со цел да се ослободи делумно окупираниот регион Запорожје, вклучувајќи ја и клучната нуклеарна централа, и да се продолжи напредувањето кон Азовското Море. Ова би го пресечело копнениот коридор што го користи руската армија за снабдување на Крим, кој беше анектиран во 2014 година. За успех, вели Залужни, била потребна голема концентрација на сили и тактичко изненадување.

Наместо тоа, тврди тој, силите биле дисперзирани на широка област, што ја разводнило нивната ударна моќ.

По неговата смена во февруари 2024 година, Зеленски го именуваше за амбасадор во Лондон. Аналитичарите тоа го толкуваа како обид да се намали неговото политичко влијание.

Анкета на „Ипсос“ покажува дека во хипотетичка претседателска трка Залужни би добил 23 отсто поддршка, а Зеленски 20 отсто.

Зеленски неодамна спроведе реконструкција на својот тим во обид да ја врати довербата. Во меѓувреме, САД го зголемуваат притисокот врз Кијив и Москва за прекин на војната. Иако договорот е сè уште далеку, Зеленски во принцип се согласи со планот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува одржување избори и воспоставување безбедносни гаранции по завршувањето на конфликтот.

 

залужни Зеленски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.