Германската Влада сака да набави американскио борбени авиони Ф-35 за потребите на сопствените воздухопловни сили. Авионот Ф-35 на компанијата „Локид Мартин“ се смета за најмодерен борбен авион во светот, со специфична форма и надворешна обвивка што го прави тешко видлив за непријателските радари.
Новите авиони треба да ги заменат веќе застарените „Торнада“ во германското воено воздухопловство кои се набавени пред, речиси, четири децении.
Намерите за набавка на американски борбени авиони претставуваат промена во ставот на властите во Берлин и претходните планови за проиводство на заеднични воен авион со Франција.
Германската армија моментално е во процес на замена на веќе застарената и дотраена опрема.
„Минатиот месец, германскиот канцелар Олаф Шолц најави драстично зголемување на трошоците за одбрана на два процента од БДП. Таквата одлука беше донесена како последица на руската воена интервенција во Украина и наметнатата потреба Берлин да ја преиспита својата надворешна политика“, пишува германската агенција ДПА.




