Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Замина Бранко Ѓорчев, ќе остане запаметен како голем актер

0
By on February 24, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 24, 2013 12:13

Aктерот и директор на Драмскиот театар во Скопје, Бранко Ѓорчев после долго боледување синоќа ја изгуби битката со ракот.

Бранко Ѓорчев е роден во Неготино1962 година, а во 1986 година дипломирал на Факултет за драмски уметности, во Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски.

Од 1987 година работи како актер во Драмскиот театар Скопје. В изминатите 25 години тој го дава својот придонес вградувајќи се себе си во маедонското театарско дело.
Беше Клаудиј, Кралот на Данска во „Хамлет, Кобра во „Олово на перница“, беше Птоломеј во „Александар“, Робеспјер во „Дантонова смрт“, потоа Ефто во „Лет во место“. Тој беше и Јонадаб и Мефисто и Фауст и Диониз. Беше и Владимир од “Чекајќи го Годо“ и Столе апашот во „Кога цутеа тиквите“, беше Трпељов во “Галеб“, Гроф Алмавива. Ѓорчев Има остварено над 30 главни улоги, играше во повеќе од 50 претстави, многу од нив, исклучително значајни за историјата на современиот македонски театар.
Бранко Ѓорчев играше и во филмовите и тв сериите како „Заведенени„, „Пикасо“, „Погрешно време“, „Време за плачење“, „Вампирџиите“, „Погрешно време“, „Стапица“, „ Досие К“,„Остани исправен“, „Подгревање на вчерашниот ручек“, „Бог да ги убие шпиуните“и други..

Беше основач, на театарските центри “Квартет„ и „Бабилон“, предаваше ораторство и реторика на Универзитетот ЕСРА, а од 2006 година го водеше Драмски театар од позицијата директор.
Бранко Ѓорчев е добитник на наградата „Златна маска“ за најдобро актерско остварување на фестивалот ” Охридско лето ” за улогата на Мефисто во претставата „Мефисто“, доделена од весникот „Вечер“, 2000 година
Наградата за Најдобар актер за 1990 во Р. Македонија, за улогата на Фред во претставата „Спасени“, доделена од ревијата „Екран“ 1990 година.

Награда „Војдан Чернодрински“ за најдобра епизодна улога во претставите „Кинегонда во Карлаленд„ и „Свето срце“ за 2009 година.

Во ноември минатата година, Ѓорчев ја доби државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2012 година, која се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Бранко Ѓорчев ќе остане запаметен како голем актер на македонското глумиште.

Комеморацијата по повод неговата смрт ќе се одржи во Драмскиот театар утре, со почеток во 11.00 часот

.„…Должноста на уметникот е да ја повлече врз свои плеќи сета историја на еден народ кон иднината, онака како што во најубавата сцена во нашата заедничка претстава ти симболично го влечеше товарот на страшната Европска историја, говорејќи монолог од кој коски се смрзнуваа. Јас го познавам, сакам и почитувам тој Бранко! До нашата следна средба, таму, каде ќе го одиграме нашиот најубав дијалог. Почивај во мир“ , напиша актерката Синоличка Трпкова на својот профил по веста за смртта на Бранко Ѓорчев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.