Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Замина големиот Вајда

0
By Нова ТВ on October 10, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 10, 2016 14:45

https://www.youtube.com/watch?v=9LqHA0eYTDw

Полскиот  режисер, оскаровецот Анджеј Вајда, почина на 90 години, потврди денеска полското филмско здружение.

Во неговата 60 годипната кариера Вајда сними над 40 филмови. Многу од неговите филмови, меѓу кои и „Канал“, „Човекот од мермер“, „Човекот од железо“ и „Катињ“, беа инспирирани од полската турбулентна воена и комунистичка историја.

Во 2000 година тој доби почесен Оскар за неговиот придонес светската кинематографија.

Вајда неодамна бил пренесен во болница, а неофицијално починал од компликации со белите дробови.

Полскиот експремиер и шеф на Советот на Европа Доналд Туск денеска на Твитер напиша: Сите произлеговме од Вајда. Гледавме на Полска и на себеси низ него. И подобро разбиравме. Сега ќе биде тешко.

Режисерот и прв човек на Полската филмска асоцијација Јацек Бромски за полската телвизија ТВН24 изјавид ека Вајда е најголемиот полски уметник, еден од најпознатите во светот, чија пасија била Полска.

– За нас, за нашата заедница тој беше столб на сила, тој сите не обединуваше околу него. Тој секогаш беше присутен во животот на филмската заедница, тој беше ментор.

– Господ на режисерите им дал на две очи – едно око за да гледаат во камерата, а другото за да бидат на штрек за сѐ што се случува околу нив, изјави еднаш Вајда.

Актерот Даниел Олбрицки, кој играше во 13 филмови на Вајда, вели дека никогаш не запознал режисер кој толку добро работел со актерите.

– Можевме да ја почувствуваме љубовта на нашата публика преку него. Ама кога ќе се намрштеше, макар и малку, знаев дека треба да бидам подобар, рече Олбрицки.

Последниот филм на Вајда „Призрак“ е приказна за животот на авангардниот полски сликар Владислав Стржемински, кој настрадал од поствоената сталинистичка власт на Полска. Вајда рече дека сакал да „предупреди против државната интервенција во уметноста“. Филмот неодамна е избран за полски кандидат за Оскар за најдобар странски филм 2017. Четири од претходните филмови на Вајда се номинирани во оваа категорија, а „Човекот од железо“ освои Златна палма во Кан 1981.

Вајда е роден во 1926 во североисточниот полски град Сувалки. Татко му бил меѓу жртвите во масакрот во Катињ во 1940, што го изведе Советскиот сојуз врз полските офицери. За време на Втората светска војна бил член на движењето на  отпорот против фашизмот. Потоа студирал сликарство, пред да се запише на Филмската школа во Лоѓ. Во 1955 дебитира со „Генерација“, по што следеа „Канал“ и „Пепел и дијаманти“, што ја создаде трилогијата за воениот живот во Полска.

Некои од неговите филмови беа забранувани за време на комунизмот во Полска. Дури по паѓањето на комунизмот во 1989 тој можел да го сними филмот за Катињ.

-Никогаш не се надевав дека ќе доживеам да ја видам Полска како слободна држава. Мислев дека ќе умрам во тој систем. За мене беше огромно изненадување што доживеав да ја видам слободата, изјави Вајда во едно интервју во 2007.

На првите слободни избори во Полска во 1990 Вајда е избран за сенатор и отслужи 2 години во Горниот дом на парламентот.

Вајда ги остави зад себе четвртата сопруга, актерката и сценографка Кристина Захватович и ќерка му Каролина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.