Заострени се дипломатските односи меѓу Турција и Холандија откако холандските власти забранија да слета авионот со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавишоглу кој требаше да се обрати на собирот во Ротердам, пред Турците кои живеат таму.
По ова, неколку стотици луѓе се собраа синоќа пред турскиот конзулат во Ротердам со знамиња во рацете, особено откако полицијата и забрани на турската министерка Фатма Бетул Саиан Кау влез во конзулатот.
Министерката е испратена до границата со Германија и протерана од државата.
Полицијата ги растерувала демонстрантите со водени топови. Официјална Анкара во исто време го блокира пристапот до зградата на холандската амбасада порачувајќи му на амбасадарот „ извесно време да не се враќа на должност“.
Бидејќи во Франција нема забрана за ваквите собирања, министерот Чавишоглу денеска ќе одржи говор за поддршка на Ердоган во Мец. .




