Некои од автобусите наменети за транспорт на повредени и болни од две села во провинцијата Идлиб во Сирија, а кои се под контрола на силите на Башар Ал-Асад, денеска се изгорени пред да стигнат до цивилите, пренесува Би-Би-Си цитирајќи ги државните медиуми.
Во моментов е нејасно дали се одвива евакуација на било кој дел од Алепо. Во петокот пропадна планот за евакуација на луѓето од местата кои се под контрола на бунтовниците, оставајќи ги без храна и засолниште.
Во меѓувреме, Русија, која е најголем поддржувач на силите на Асад, во ОН рече дека ќе стави вето за испраќање на набљудувачи на ОН за време на евакуациите во Алепо.
Сиријската државна телевизија тврди дека вооружени терористи биле тие кои ги нападнале и запалиле автобусите, но претходно побарале од возачите да го напуштат возилото.
Од страна на бунтовниците се уште нема реакција, така што се чека за официјализирање на различните информации кои доаѓаат од различни извори во Алепо.
Она што е јасно, е дека невини луѓе гинат на жариштата во Сирија, а светот засега е само нем набљудувач.




