Published: Monday, December 7, 2015 15:12
Непознати сторители доцна синоќа го запалиле знамето на НАТО кое пред неколку дена беше поставено на јарбол на влезот во Цетиње, покрај националното знаме и знамето на ЕУ, во чест на поканата за членство на Црна Гора во Алијансата.
Информацијата прв ја објави претседателот на тамошното Движење за неутралност Марко Миланчиќ на својот Фејсбук профил.
– Откако во невидена демонстрација на уривање и газење на традицијата на Црна Гора, властите на престолнината Цетиње, по повод добивањето покана за НАТО го симнаа знамето Крсташ и го поставија она на НАТО, слободните граѓани ги зедоа работите во свои раце. Од ноќеска знамето на НАТО веќе го нема, напишал Миланчиќ.




