Германскиот канцелар Ангела Меркел и премиерите на Русија, Италија и Велика Британија- Димитриј Медведев, Марио Монти и Давид Камерон, се предводници на Светскиот економски форум , кој почнува денес во швајцарското одморалиште Давос.

Четирите европки лидери, вниманието ќе го насочат на унапредување на глобалното економско обновување, јавуваат од Светскиот економски форум.

На форумот кој ќе биде одржан од 23 до 27 јануари , ќе присуствуваат околу 50 шефови на држави и влади и повеќе од 1000 претставници од светски компании.

Се очекува дека на форумот ќe присуствуваaт и основачот на компанијата „Мајкрософт” Бил Гејтс, генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун и директорот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

Основачот на форумот, Клаус Шваб го нарече состанокот „лабораторија за нови идеи“ за подобрување на состојбата во светот.