Јужнокорејците утрово го започнаа раното гласање за нов претседател на државата, кој треба да ја замени сменетата претседателка Парк Геун хје.

На раното гласање денеска и утре, кое се одвива пред денот на изборите закажан за следниот вторник, досега гласале околу 4 милиони луѓе од вкупно 42 милиона 479 илјади и 710 граќани со право на глас, соопшти Изборната комисија.

Ова се први претседателски избори во Јужна Кореја со можност за рано гласање, кое веќе беше воведено како опција на претходните парламентарни и локални избори.

Предизборните анкети покажуваат дека либералниот кандидат Мун Џае ин во големо водство во однос на неговите двајца главни противици – еден центрист и еден конзервативец.

Новина е и тоа што новиот претседател ќе ја положи заклетвата веднаш по прогласувањето на резултатите од изборите, наместо досегашниот двомесечен преоден период.

Отповикувањето на бившата претседателка Парк го изменија изборниот календар во Јужна Кореја и сега новиот претседател ќе има целосен петгодишен мандат.

Парк во моментов се наоѓа во затвор во близина на Сеул каде го чека почетокот на судењето врз основа на обвинението дека изнудувала пари од компанијата, земала мито од некои претпријатија и направила други престапи во соработка со нејзината долгогодишна советничка.

Судењето се очекува кон крајот на овој месец.