Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна судскиот процес против возачот што ја усмрти Фросина Цековска

0
By Нова ТВ on February 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Започна судскиот процес против Љубомир Видојковиќ, кој пред една година со возило „хонда“ ја прегази Фросина Цековска на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Основното јавно обвинителство  бара осудителна пресуда. Според обвинителството Видојевиќ се товари дека сторил две кривични дела и тоа за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 во врска со член 297 ст.1 и кривично дело неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 од Кривичниот законик.

Во судницата по воведните зборови на Обвинителството, на осомничениот и неговиот бранител, се пристапи кон изведување на предложените докази.

Од страна на Обвинителството до Основниот суд доставени се предлог докази во насока на потврдување на основаноста на поднесениот обвинителен акт.

Предложени се докази по однос на утврдување на идентитетот на сторителот, како и докази по однос на релевантни околности од кои Судот ќе може да се увери и надвор од секое разумно сомневање ќе донесе осудителна пресуда со која обвинетиот ќе го огласи виновен за кривичните дела за кои се товари, информираат од Од Основен суд 1 Скопје.
 
Во текот на главната расправа ќе бидат презентирани неколку вештачења за сторените конкретни пропусти во сообраќајот како што е неприлагодена и неприспособена брзина и утврдениот процентот на алкохол кај сторителот во моментот на случување на сообраќајната несреќа и судско медицински извештај од обдукцијата на починатата Фросина Цековска, од кои ќе може да се утврди причинско-последичната врска на сообраќајната несреќа со смртниот исход. Освен ова, предложено е и испитување на сведоци, очевидци на настанот.​

На судењето обвинетиот се бранел дека поминал на зелено светло за што неговиот бранител изјавил дека има видео снимки кои не ги добиле од безбедносните камери. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.