Медицински тимови од ЗД Пробиштип, рано утрово започнаа вакцинација во село Турско Рудари, напиша на својот Фејбук профил, Министерот за здравство Венко Филипче.
– Заинтересираноста на жителите е голема, а процесот на вакцинација се одвива одлично. Апелирам до граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, вакцините се безбедни и ефикасни и единствен начин да се победи пандемијата, вели министерот.
Според него, процесот на теренска вакцинација ќе се одвива на територија на цела држава, медицински екипи ќе го посетат секое село, рурално населено место, населба.