Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започнува 41. издание на МОТ

0
By Нова ТВ on September 21, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 21, 2016 15:28

Со изложбата на фотографии на Љупчо Илиевски МОТ (1984 – 1996), вечерва во 19 часот започнува  41то издание на Младиот отворен театар (МОТ) што ќе трае до 27 овој месец.

Љупчо Илиевски спаѓа во редот на најистакнати македонски фотографи. Припадник е на средната генерација фотографи кој негува специфичен уметнички стил и силен авторски печат. Засега е единствениот фотограф од Македонија чии фотографи за мегалитската опсерваторија Кокино, се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија National Geographic.  Илиевски е автор на 9 самостојни изложби, присутен на повеќе филмски фестивали, а за својата работа е повеќе пати е наградуван.

mot1

Во 20.00 часот во МКЦ се игра претставата “Догвил“ во режија на Кокан Младеновиќ. Во претставата  којашто е театарската адаптација на истоимениот филм на Ларс фон Трир меѓу другите играат  и Бранислав Трифуновиќ и Милица Мајсторовиќ, а музиката за претставата во живо ја изведува Vrooom. Претставата е на Миксер Хаус Белград

Инаку претставата ја следи приказната на Грејс која бегајќи од гангстери, наоѓа засолниште во навидум идиличниот град наречен Догвил. Исфрустрираноста, тесноградоста и агресија на жителите на оваа идеализирана заедница бргу ќе излезат на виделина и Грејс ќе стане жртва на оние на кои таа сакаше да им помогне и во чија хуманоста и добрината веруваше.

mot2

На репертоарот на фестивалот се четиринаесет продукции од: Романија, Унгарија, Србија, Словенија, Хрватска, Косово, а гостува и еден од најреномираните европски театри, театарот од Види Лозана од Швајцарија.

МОТ оваа година учествува и во светската прослава на 100 години од смртта на Вилијам Шекспир, со ревијата на бесплатни играни филмови снимени по драми на Шекспир.

Публиката на закажаните проекции во Џебното кино во МКЦ ќе има можност да ги погледне легендарните наслови како ХАМЛЕТ на сер Лоренс Оливие, КРАЛОТ ЛИР на Питер Брук и мноштво други.

mot3

Во рамките на фестивалот како дополнителна програма, ќе се одржи и промоција на книгата  РАПСОДИЈА НА ТЕАТАРОТ во издание на МОТ и МКЦ од францускиот филозоф, драматург и професор Алан Бадју.

Во изминативе 40 години на МОТ биле презентирани театарски групи театри, самостојни театарски уметници од над 70 земји од Европа и светот, со над 700 изведби.

Фестивалот значи многу за театарот  и севкупниот културен живот во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.