Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започнува 42. издание на МОТ

0
By Нова ТВ on September 27, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 27, 2017 15:44

На 42. фестивал Млад отворен театар (МОТ) од денеска до 4 октомври ќе бидат прикажани 18 претстави.

Според програмата, на првиот фестивалски ден ќе бидат изведени претставите „Силјан Штркот шанца“ на МНТ, „Нашето насилство и вашето насилство“ на Младински театар од Љубљана и ХНК „Иван Зајц“ од Риека и „Експеримент“ на театарот „Артопија“ од Македонија.

На програмата утре се претставите: „Антигона и Креонт“ на Театар на Навигаторот Цветко, „Мојата фабрика“ на Босанскиот национален театар од Зеница, „Птичка“ на театарот Agrupacion Senor Serrano од Шпанија и „Систем ерор“ на Факултетот за драмски уметности.

На 30 септември МОТ ќе ги прикаже претставите: „Разговор во четири очи“ на МНТ и Скопје филм студио, „Лебенсраум“ на Јакоб Ахлбом од Холандија и „Лерин, полиња жито, ридишта крв“ на Театар на Навигаторот Цветко, а во пладневниот термин ќе биде изведена претставата „Бакнати од Сонцето“ на Театар Пи од Дневниот центар „Порака“.

„Шумата на моето дрво“ на Велешкиот театар, „1 сиромашен и една 0“ на театарот BADco од Загреб и „Доктор Фауст“ на Битолскиот театар се најавени за 1 октомври, а наредниот ден ќе биде изведена претставата „Сослушување“ на иранскиот Mehr Theatre Group.

За 3 октомври се најавени две претстави на МОТ: „Мир со вас“ на бугарскиот театар Vox Populi и полската претстава „Хор на сираци“ на КТО Театар од Краков.

Годинашниот Млад отворен театар ќе заврши на 4 октомври со српско-холандската копродукција „Не се срамам од моето комунистичко минато“.

Претставите ќе се изведуваат од 18, 20 и 22 часот, на сцената на Младинскиот културен центар, како и во Македонскиот народен театар, Театар Комедија, Кино Култура, Македонската опера и балет, Детски театарски центар и Мала станица.

Влезниците се во продажба на билетарницата на Младинскиот културен центар. Како што претходно беше соопштено, цената за претстава е 200 и 250 денари до почетокот на фестивалот, а од утре ќе биде повисока, односно 300 и 350 денари.

МОТ и оваа година ќе има придружна програма која ќе опфати  неколку работилници, предавања и концерти, како и промоција на книгата „Филозофија на паланката“ на Радомир Константиновиќ.

42.издание МОТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.