Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започнува фестивалот „Охридско лето“

0
By Нова ТВ on July 12, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва за отворен ќе го прогласи претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кој е и покровител на манифестацијата.

На свеченото отворање на фестивалот ќе настапи светски познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија Дмитри Хворостовски.

Маестро Хворостовски, за чиј глас светската критика вели дека „мириса на луксуз“, на 12 јули ќе го разгори фестивалскиот оган од Античкиот театар, заедно со Оркестарот и Хорот на Македонската опера и балет, под диригентска палка на Константин Орбелиан.

Дел од возбудата што го носи фестивалот оваа година ќе бидат настапите на пијано дуото Корољеви, светски познатиот виолончелист Антонио Менезес, неповторливото виолинистичко име Немања Радуловиќ…

На годинешното „Охридско лето“ ќе настапи светската атракција, гудачкиот квартет „Бонд“ со целовечерниот гала-концерт што ќе се одржи на сцената на Античкиот театар на 27 јули.

Театарскиот дел од програмата на фестивалот ќе биде исклучително богата, со 11 театарски претстави, од кои речиси половината премиерни изведби.

Претставите „Мизантроп“ од Молиер во изведба на Турскиот театар од Скопје, „Спортска претстава“ според текст на нобеловката Елфрида Јелинек во изведба на „Џаст а маст“ театарот од Лондон, како и „Браќа Карамазови“ на Достоевски во изведба на Дубровачкиот театар „Марин Држиќ“, се само дел од годинешната театарска понуда.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025

Голем пожар во Хрватска – над 60 пожарникари на терен

December 13, 2025

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025
ФОКУС

Сиднеј: Татко и син поврзани со „Исламска држава“ се терористите кои убија 15 лица во антисемитскиот напад на плажата Бонди 

ВЕСТИ December 15, 2025

Двајцата вооружени лица кои убија 15 лица на плажата Бонди во Сиднеј во неделата се…

Будимпешта: Илјадници на улиците – граѓаните бараат оставка од Орбан по скандалот со злоупотреба на деца

December 14, 2025

Црна Гора ита кон ЕУ – овој вторник затвора пет поглавја во преговорите со ЕУ

December 14, 2025

Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

December 14, 2025
ТИКЕР

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025

Голем пожар во Хрватска – над 60 пожарникари на терен

December 13, 2025

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.