Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започнува судскиот процес за починатата родилка од Гевгелија

0
By Менче Атанасова Точи on September 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Случајот со Маја Кадиева, родилката која почина за време на царскиот рез заедно со нејзиното бебе добива правна разрешница. На 29 септември на обвинителна клупа треба да се најдат тројца лекари, двајцата гинеколози и анестезиологот кои го вршеле породувањето, (вториот анестезиолог во меѓувреме почина). Сопругот на Маја, Димитар Кадиев се надева дека судот ќе донесе правилна и фер одлука за обвинетите да ја добијат заслужената казна.

„Очекувам судскиот процес да биде брз и ефикасен и судот да ги казни тие што уништија два животи, како и мојот и на мојата седумгодишна ќерка. Се надевам дека обвинетите нема да избегнуваат да доаѓаат на рочиштата, за да може судот што побрзо да си ја заврши својата работа. Се надевам, дека ова ќе биде поука на сите лекари да внимаваат за вакво нешто повеќе да не се случи“, изјави Кадиев за НОВА.

25664golema

Пред два месеца Советот за оцена на обвинителните акти при Основниот суд во Велес донесе Решение со кое е покренато обвинение за тројцата лекари поради нивно несовесно постапување на 22.10.2015 година, при породување на пациентка во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, што резултираше со смрт на родилката и на нејзиното новородено.

Маја Кадиева и нејзиното неродено бебе починаа ноќта меѓу 22 и 23 октомври минатата година, при нестручно изведено породување, а истражните органи докажаа дека анестезиолозите биле пијани за време на царскиот рез. Смртта на Кадиева настанала поради комплетен прекин на доводот на кислород и задушување, поради што се задушило и бебето во утробата на мајката, покажа извештајот од судките вештаци.

лекари родилка судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.