Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започнува третето издание на Неделата на Дизајн во Скопје

0
By Нова ТВ on September 30, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 30, 2013 15:53


Утре започнува третето издание на Неделата на Дизајн во Скопје, настан кој наметна во Скојпе неочекувана динамичност и богатство од содржини, а пред сè го позиционира во глобални рамки.

Две години по ред, со голема умешност, Неделата на Дизајн во Скопје се осврна на најразлични области – индустриски и моден дизајн, графички дизајн, накит, дизајн на звук, адвертајзинг и маркетинг, дизајн на процеси, урбанизам, персонализирање и уште многу епитети кои ги издвоија македонските дизајнери и компании кои оваа платформа успеа да ги обедини и да им понуди излез на нови пазари. Токму поради тоа, програмскиот концепт на третото издание е задржан и надополнет, а критериумите за учество се заострени.

„Оваа година ја посветуваме на креирање на национална дизајн сцена и продукција насочена кон конкретен пазарен производ и освојување на нови пазари, затоа што тоа нам ни недостига, и ние како “одговорни” сметаме дека треба да интервенираме. Тоа и го направивме во изминатите месеци низ низа на работилници и слични ангажмани, а сега останува на публиката сама да даде суд за квалитетот на новонастанатата дизајн сцена во Македонија. Она што со сигурност го знам е дека оваа дизајн генерација ќе не претстави во светски рамки и во иднина ќе се шири и надградува низ новите изданија на SDW.” – изјави Александар Велиновски, директор на Skopje Design Week.

Секој ден од 10.00 до 17.00 часот се сите работилници, предавања и други форми на научно – едукативна и практична наобразба. ( работилници за креативни претпријатија; експериментален дизајн на продукти; додадени вредности; презентации за трендови и дизајн на Европскиот пазар за мебел; работилница за бизнис прототипи; работилница за дизајн во комуникацијата; различни презентации на производи и нивно успешно позиционирање на пазарите; детски работилници; презентирање на Шведскиот дизајн… итн.) Во попладневниот дел од 17.00 до 20.00 е време за деловни контакти во опуштена атмосфера (чил – аут музика, кулинарски презентации, раздвижување во актуелното гастро ќоше и сл.), додека вечерната програма – позната како најдобрата забава во градот – е за сите, со најдобрите бендови од регионот.

Оваа година особено внимание е посветено е на музичкиот дел. Прекрасна е глетката од вечерните концерти или ди-џеј сетовите со стотици, некогаш и неколку илјади луѓе, додека сите изложби се сè уште отворени за разгледување до доцна во ноќта. Skopje Desgn Week се доживува како еден од најзначајните културни настани во Македонија. Пример за отворањето го одбравме неверојатниот бенд од Словенија – КАР ЧЕШ БЕНД, кој за сите што не го слушале ќе биде вистинско изненадување на енергија, музика, инспирација, а за оние кои го знаат, сигурно ќе сакаат да ги спојат двата елемента на естетика. На големо задоволство на публиката, влезот е слободен за сите содржини.

„Магичноста на просторот на Куршумли Ан кој веќе станува претесен за бројните содржини и активности што ги подготвивме и овој пат ќе помогне дизајните да ги видиме во најубаво светло. Водени од пристапот на учење низ работа креираме уникатен и современ концепт на саем како место за едукација, комуникација, заедничко креирање, споделување на искуства и градење на нови врски и контакти . Во таа насока годинава најмногу ќе ни помогне и непосредната инволвираност во различни нивоа од програмата на врвните дизајнери од една од водечките дизајн сили на денешницата – Швајцарија.” – додаде Марта Наумовска – Грнарова, програмски директор на Skopje Design Week.

Сите информации за работилниците, како и за целокупната програма, можете да ги најдете на www.ministryofpleasure.net и на фејсбук https://www.facebook.com/skopjedesignweekoffical.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.