Рубин Земон: Ај да се осврнам малку на спотот и вчерашниот најавен како „спектакл” во Охрид, по повод 35 години од самостојноста и сувереноста на РС Македонија, (јас сум живеел во независна земја и пред 8. септемри 1991) .
Спотот уметнички добро изработен но содржински не. Бидејќи најголем фокус има во спортските успеси, ги нема Дејан Георгиески (сребро од ОИ 2020, најголем спортски успех на Македонија), ги нема РК Вардар два пати европски првак во ракомет, а го има голот на Бошкоски од пријателски натпревар со Словенија!!!!
Го нема приемот на Македонија во ООН, приемот во НАТО, како и други важни моменти од историјата на самостојноста на Македонија.
Синоќа во Охрид, не навлегувам во уметничката критика, но пристапот беше промоција на „поделеното општество”!
Ниту една музичка или културна вредност од заедниците во Македонија.
Зарем не го градиме сите заедно ова наше мултикултурно општество. Добро Тоше Проески, како припадник на влашката заедница беше соодветно и заслужено застапен, но Тоше никој и не го восприема дека бил Влав.
Но, зарем Есма Реџепова и ромската заедница, Адријан Гаџе и многу од Албанците, Турците, Бошњаците итн. не дале никаков придонес за Македонија и не се гордееме сите со нашите заеднички вредности.
Зарем повторно ќе се делиме и ќе градиме поделено општество?!
Зарем ќе треба да се прават паралелни прослави или зарем треба припадниците на заедниците да не ја чувствуваа за своја престојната прослава на 35 години самостојност и сувереност?!
Извор: Фејсбук



