Published: Thursday, February 1, 2018 19:54
Во рудникот за злато „Беатрикс“ во Јужноафриканската република, 950 рудари останаа под земја поради прекин на електрична енергија, соопшти фирмата Сибање-Стилвотер, која е сопственик на рудникот.
Портпаролот на фирмата Џејмс Велстед денеска изјави дека „веројатно“ рударите се живи и здрави.
– Бура ја зафати синоќа покраината Фри Стејт предизвикувајќи прекин на снабдувањето со електрична енергија во рудникот, поради што утрово не можевме да ги извлечеме рударите на површина. Уште 950 рудари треба да се извлечат на површина – истакна Велстед и додаде дека засега се спасени 64 рудари.
Преостанатите рудари се наоѓаат на длабочина од 1.000 метри под земја.




