За време на протестите пред полициската станица во Фергусон, во раните утрински часови двајца полицајци се ранети од огнено оружје.
Едниот од нив е ранет во лицето, другиот во пределот на рамото, повредите се сериозни но и двајцата се свесни, информира шефот на полицијата Џон Белмар, пренесуваат локалните медиуми.
Пред полициската станица во Фергусон минатата ноќ протестирале десетина луѓе поради оставката која ја најавил Томас Џексон, шефот на полицијата.
Тие бараа од Џексон оставка веќе некое време поради убиството на афроамериканскиот тинејџер Мајкл Браун. Убиство кое го изврши полицаецот Дарен Вилсон на 9.август 2014 година.
Убиството на Браун предизвика серија протести низ Соединетите Американски Држави во кои под знак прашање беше ставена мотивацијата на полицајците од расизам.




