Најмалку 45 борци на ИСИС биле убиени откако го прекинале Рамазанскиот пост и јаделе затруена храна, објавува “ДејлиМејл“.
Според шпекулациите во медиумите, околу 145 луѓе седнале на ифтар во Мосул, Ирак, а 100 од нив излегле живи од местото каде што јаделе.
Нејасно е дали во храната намерно некој ставил отров или тие се затруле од неа, вели портпарол на Курдската демократска партија.
Десетици војници на Исламската држава се верува дека починале под слични околности во ноември минатата година, кога бунтовници на Слободната сиријска војска успеале да влезат во камповите на ИСИС и се претставиле како готвачи.
Во ирачките медиуми се појавија фотографии за време на Рамазан, на кои екстремистите на ИСИС богато се хранат, додека стотици млади момќиња и жени се ставени под режим на гладување.

На други фотографии се гледа како автоматски пушки на екстремистите се ставени на трпезата.
Освен фотофрафиите кои ги објавуваат на социјалените медиуми каде што убиваат и обезглавуваат луѓе, Исламската држава често пати објавува фотографии според кој светот би требало да мисли дека тие се грижат за луѓето во градовите кои ги освоиле.
Овие фотографии сепак го покажуваат нивниот строг режим во однос на цивилното население.




