Published: Saturday, October 28, 2017 16:24
Втората по големина авиокомпанија во Германија, Ер Берлин, замина во истoријата. Вчеравечер беше реализиран последниот лет
Последниот лет на Ер Берлин беше на релација Минхен-Берлин. Авионот беше полн со вработени и патници, а пилотот, кој за тоа имаше посебна дозвола, за крај направи неколку круга на небото над Берлин.
Ер Берлин беше втора по големина авиокомпанија во Германија, а беше основана во 1979 година. Таа имаше околу осум илјади вработени и околу 150 летала. По објавувањето банкрот, во август годинава, Луфтханза најави дека ќе преземе повеќе делови од Ер Берлин, кои бројат неколку илјади врабнотени, како и над 80 авиони.




