Ли Јун-сеок е осуден за небрежност откако фери бродот кој го водеше тој потона во април, во кој загинаа повеќе од 300 луѓе. Судот во Јужна Кореја му одреди казна од 36 години затвор.
Главниот инжинер на бродот пак Парк Ки-о е осуден на 30 години за убиство. Имаат една недела да достават жалба.
>> Јужна Кореја покрена кривични пријави против членови од екипажот
Според обвинителите, небрежноста на екипажот е главната причина за смртта на патниците. но според судиите немало докази дека капетанот Јун-сеок не дејствувал со намера за убиство. Повеќето од загинатите беа тинејџери кои патуваа на екскурзија.
Родителите и фамилиите на загинатите реагирале бурно за одлуката бидејќи според нив била блага, пренесува Ал Џезира.
>> Јавно извинување на претседателката на Ј.Кореја за несреќата со траектот




