Двајца сириски криумчари денеска во Турција се осудени на по 4 години и два месеци затвор поради смртта на тригодишното сириско дете Ајлан Курди чие тело беше исфрлено на плажата во Бодрум и на уште четворица други.
Мувафаки Алабаши и Асем Алфрад чиешто судење започна на 11. февруари во Бодрум се прогласени за виновни за криумчарење луѓе, но се ослободени од обвиненијата за „предизвикување смрт со намерно запоставување“.
Фотографијата на безживотното тело на детето со лицето свртено кон песокот на плажата во Бодрум го шокираше светот и го сврте вниманието на кон бегалската криза.
Мајката и братот на малиот Ајлан исто така се удавија кога во септември минатата година се преврте бродот со кој се обидувале да се префрлат од Бодрум на грчкиот остров Кос.




