Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата за заразни болести ќе одлучува за „полициски час“

0
By Нова ТВ on June 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе расправа за потребата од враќање на мерката „полициски час“ или ќе се пристапува поригорозно кон веќе донесените мерки, како носење заштитина маска, држење растојание од два метра и негрупирање, со цел спречување на ширењето на Ковид-19. Одлуката на Комисијата ќе проследена како предлог до Владата која го има конечниот збор.

Откако минатата недела беа регистрирани поголем број заразени со вирусот, Владата донесе одлука сите општини во град Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, во Липково, во Штип, во Карбинци, во Тетово, како и во Боговиње, во Брвеница, во Теарце, во Желино и во Јегуновце да бидат ставени во целосен карантин од четвртокот вечер (21 часот) до утрово во 5 часот, додека во останатите градови беше воведен „полициски час“ што започнуваше во 16 часот. На територијата на цела земја беше воведен забрана за посета на гробиштата.

Пред почетокот на полицискиот час во Скопје, многу жители од градот заминаа на туристичките места во земјава, каде беа воведени поблаги рестриции. Поради тоа граѓаните упатија бурни реакции на социјалните мрежи во однос на тоа дека таквото постапување може да предизвика нови жаришта на местата на кои речиси и да нема заболени лица.

Во врска со тоа, министерот за здравство Венко Филипче рече дека било очекувано граѓаните за продолжен викенд да заминат во туристичките места, нагласувајќи дека каде и да се задолжително треба да ги почитуваат мерките со цел да не се шири заразата.

Пазарниот инспекторат викендов поднесе 22 кривични пријави за непочитување на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти. Осум кривични пријави се поднесени во Охрид, четири во Струга, пет во Битола, три во Дојран и по една кривична пријава на Пониква и во Маврово.

„Станува збор за кривични пријави поднесени поради прекршувања на забраната за сместување лица во категоризирани објекти, а само една пријава е за пречекорување на работно време и две кривични за прекршување на Протоколот 8 (повеќе гости на терасите, непочитување растојание или гостите се во внатрешниот дел од објектите)“, изјави Мери Проја Продановска од Државниот пазарен инспекторат.

По одлука на Владата, на 26 мај целосно беше укинат полицискиот час во земјава. Во тој период беа регистрирани мал број случаи на заболени со коронавирус, како и голем број на оздравени лица. За речиси две недели оттогаш секојдневно се бележат по околу сто нови случаи дневно. Филипче оцени дека сегашната ситуација со епидемијата во земјава, односно со ширењето на заразата, се должи на нецелосното почитување на мерките.

Во моментов во земјава има 1.226 активни случаи на заболени со Ковид-19, најмногу во Скопје – 658 од кои 152 во Чаир.

Комисија за заразни болести полициски час
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.